fbpx
19 C
Skopje

Дебелината е веќе причина №1 за смртност

АКТУЕЛНО

Дебелината е причина број еден за намалувањето на животниот век – поголем ризик фактор од пушењето и високиот крвен притисок.

Научниците тврдат дека прекумерната тежина доведува до 47 % повеќе изгубени години живот во споредба со цигарите, кои за возврат го намалуваат животниот  век со исто толку години колку што доведува и високиот крвен притисок, пишува научното списание “Сајанс дејли”.

Податоците покажуваат дека крвниот притосок, прекумерната тежина и пушењето цигари се едни од главните причини за намалување на должината на животот.

Експертите се категорични дека зголемената телесна тежина е ризик фактор за многу болести,а пред се за кардиоваскуларни, малигни заболувања кои се и најчеста причина за смртност. Токму затоа тие препорачуваат што повеќе да се насочиме кон здравиот начин на живеење, да спортуваме, да пешачиме и да се храниме здраво.

Во ЕУ многу од државите превземаат голем број на мерки со цел да ја подигнат свесноста на населението за водење на здрав живот.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -