Јас не знам што барате сите по Охрид, кога имаме перфектна плажа тука, вели дечко од Аеродром кој веројатно сака да испрати порака до надлежните за она што се случува во општината.
Ова видео се споделува на социјалните мрежи, а дел од граѓаните се шегуваат дека дечкото всушност го има искористено ваучерот за туризам и тоа во сред Скопје.
На видеото може да се види како тој легнува во водата на улицата. Погледнете
Аеродром деновиве, жалосно 😔 (кратка видео – презентација) 👇Браво за дечкото 💪💪💪
Gepostet von Јас сум од Општина Аеродром am Sonntag, 9. August 2020
На три лица кои за продолжениот илинденски викенд присуствувале на журките во Охрид, им е потврден новиот коронавирус, јави Канал 5 повикувајќи се на болнички извори.
Тројцата биле поврани меѓу себе, а во тек се и нивните анкети за останатите контакти. Во моментов тие се со благи симптоми и се на домашно лекување.
На видеата кои се споделуваа на социјалните мрежи од продолжениот викенд во Охрид, се гледаше како стотици млади собрани на плажа, без почитување на мерките се журкаа.
Во Охрид во континуитет секојдневно се казнуваат лица кои не ја почитуваат мерката за носење на заштитна маска.