fbpx
18 C
Skopje

Дел од напаѓачите на новинарите приведени, следува распит во МВР

АКТУЕЛНО

Дел од напаѓачите кои ги нападнаа новинарите на А1он за време на протестот „За заедничка Македонија“, се приведени од страна на МВР.

Оваа информација ја потврди Насер Селмани, претседателот на ЗНМ кој се наоѓа во Ургентниот центар, каде се примани и двајцата нападнати новинари.

Во изјава за „Телевизија 24“, Селмани потврди дека стапил во контакт со министерот на МВР, Агим Нухиу кој бил отворен за соработка и истакнал дека дел од напаѓачите веќе се приведени.

„Сакам да му се заблагодарам на министерот Нухиу, за утре договоривме и средба. Веќе имаме информација дека дел од напаѓачите се приведени. Ќе следува истрага на МВР, по што чекаме најостро да бидат осудени за стореното дело“, изјави Селмани.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -