19 C
Skopje

Делчево лидер по транспарентност во Источно-планскиот регион

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Со индекс на транспарентност од 41,67% Општина Делчево на Листата на рангирање по индексот на веб-транспарентност е прва општина во Источно-планскиот регион и на 9 место на ниво на државата.

Ова го покажуваат резултатите на Центарот за управување со промени кој спроведе истражување во периодот февруари-март 2020, кое се однесува на веб-транспарентноста на општините во РСМ.

Барометарот за веб-транспарентност ги рангира ЕЛС според нивото на проактивна транспарентност во рамки на дефинирана рамка на индикатори. Индикаторите се составен дел на Стандрадите за е-транспарентност на единиците на локалната самоуправа, како дел од проектот „Граѓанинот на прво место“ финансиран од ЕУ.

За добивање на резултатите се користени веб-страниците на сите ЕЛС од аспект дали одредени информации се објавени на веб-страницата и во која мерка, а согласно со 78 индикатори.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски , истакна дека изминатиов период активно се работеше на подигање на транспарентноста на Општината, посебно активната транспарентност, а како најдобра алатка за транспарентност е користена веб-страницата.

-За постигнување на овие зацртани цели, изминатиов период Општина Делчево донесе и Стартегија за надворешна комуникација, а две години по ред се изготвува и Годишна програма за односи со јавност и промоција на Општина Делчево. Значи работевме стратешки и плански, а од февруари годинава е активна и новата веб-страница. Се изработува и е-информатор, а се објавуваат и сите документи кои имаме законска обврска да ги објавуваме, но и информациите и податоците врз основа на активна транспарентност. Сакам да истакнам дека на ова поле ќе работиме и во иднина и дека ова рангирање на Општина Делчево во првите 9 општини на ниво на државата е само поттик и доказ дека сме на вистинскиот пат, рече Трајковски.

Центарот за управување со промени вакво истражување има спроведено и во 2016 и во 2018 г.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -