fbpx
18.7 C
Skopje

Делегации на СДСМ ќе положат цвеќе на повеќе локации за Илинден

АКТУЕЛНО

Делегации на СДСМ утре ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката.

Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ во состав Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ, пратеникот Хари Локвенец и пратеничката Бети Рабаџиевска Наумовска ќе положат свежо цвеќе во 9.30 часот пред гробот на Никола Карев, во 10 часот пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и во 12 часот пред споменикот на Мечкин Камен.

Во Скопје, делегација на СДСМ во состав Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ, Линдита Шаќири, советничка во Совет на Град Скопје од редовите на СДСМ и коалицијата и Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ Гази Баба, ќе учествува во оддавањето почит на државно ниво на повеќе споменици на херои во главниот град, почнувајки од 8 часот пред гробот на Гоце Делчев црква „Свети Спас“, а потоа од 10 часот пред споменикот на АСНОМ, парк Жена борец и пред спомениците на Никола Карев и Методија Андонов – Ченто.

Во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во 11 часот, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде делегација на СДСМ во состав Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ, пратеникот Максим Димитриевски, Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово и Атина Мургашанаска од Форум на жени на СДСМ – Куманово.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -