fbpx
6 C
Skopje

Делегација на ЕУ: 66 милиони евра дополнителна помош за Македонија

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Делегацијата на Европската унија во државава вели дека генераторите, шаторите, ќебињата, душеците… што вчера беа најавени како поддршка за земјава се обезбедени преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија од каде била побарана помош. За справување со последиците од кризата со КОВИД 19 од Делегацијата на ЕУ, велат дека се обезбедени 66 милиони евра, најавени пред неколку недели. Дополнително, велат оттаму, се бара за земјата да се обезбедат 160 милиони евра преку заеми, со цел да може да се справи земјата со фискалните последици. Првата донација од итно потребни материјали во која има и респиратори ќе биде доделена утре, пренесува МИА.

–Поради недоразбирањата кои се појавија во врска со помошта од ЕУ за земјата да се справи со ситуацијата со КОВИД 19, Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија сака да ги ажурира информациите за дистрибуцијата на донацијата од 66 милиони евра, објавена пред неколку недели. Четири милиони евра се за итно потребни медицински материјали, а првата испорака, која ги вклучува и толку потребните респиратори, ќе биде направена утре, три милиони евра се за директна буџетска поддршка – процедурите се во тек и ќе се реализира во наредните недели, девет милиони евра се за директна поддршка за мали и средни претпријатија која ќе почне да се реализира на есен, а 40 милиони евра – фондови, исто така, за поддршка на мали и средни претпријатија, но и активни мерки за вработување, за што, како што посочуваат од ЕУ се прават последните договори со Владата, со цел првата транша средства да се префрли во Буџетот по завршување на летото. Исто така, 10 милиони евра се алоцираат за евентуални здравствени и други итни потреби кои можат да се јават во иднина, се вели во соопштението од делегацијата на ЕУ во земјава.

Покрај оваа донација, Делегацијата на ЕУ заедно со вклучените партнери е во процес на подготовка на можно пренасочување на фондовите од тековни проекти кон итни и мерки за заздравување поврзани со КОВИД 19 кризата. ЕУ активира различни механизми за натамошна помош и поддршка на Република Северна Македонија за справување со коронавирус кризата

-Вчера Европската комисија му предложи на Советот на Унијата и на Европскиот парламент да обезбеди 160 милиони евра за макро финансиска помош за буџетот на земјата во форма на заеми за да може да менаџираат со фискалните послеици од кризата. Северна Македонија има право да биде поврзана со Европскиот договор за јавни набавки за медицинска опрема и системот за брза сигнализација на ЕУ за заразни болести. Европската унија е во процес на ослободување на извозот на медицинска опрема во земјите на Западен Балка, вклучително и Северна Македонија, се вели во соопштението.

Како земја партнер, додаваат од Делегацијата на ЕУ, Северна Македонија можеше да побара помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што резултираше со испорака на генератори, шатори, ќебиња, душеци и комплети за хигиена. Покрај помошта од ЕУ, земјата исто така добива и билатерална помош од земји членки на унијата

-Европската унија и нејзините земји членки се најсилниот сојузник и партнер на Северна Македонија во оваа криза. Ние ќе продолжиме да покажуваме солидарност и поддршка во справување со овој заеднички предизвик, се вели во соопштението од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ни перде, ни срам: Среде бел ден kраде беkатон плочки (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „граѓанин“ со охридски регистарски таблички среде бел ден си товари бекатон плочки во...

Ахмети за пописот: Албанците не може да бидат помалку од 25 %

Во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби а на тема околу пописот во Република Македонија лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека сите...

НАЈНОВА ТАЖНА ВЕСТ: ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТE НАЈМЛАДАТА ЖРТВА НА KOPOНАВИРУСОТ ВО ХРВАТСKА

Десетгодишно дете почина во текот на ноќва на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб, како последица од koвид-инфекција. Момчето е најмладата...

Вo браk бea 70 години и во само три минути заедно починaa од kоронавирус За три дена требаше да ја примат ваkцината

Сопружниците Дик и Ширли Мик почиnаа од kоронавирус три дена пред да ја примат ваkцината против вирусот, а тие се во брак 70 години. Според...

Познатиот русkи астролог Тамара Глоба тврди: За овие три знаци 2021-ва година ќе биде година на невидена среќа

Тамара Глоба е познат руски астролог, а на нејзините предвидувања им се верува, бидејќи речиси никогаш не греши. Таа тврди дека оваа година овие три...
- Advertisement -