fbpx
18 C
Skopje

Демократите подготвуваат импичмент на Трамп?

АКТУЕЛНО

Американските демократи се завзеле да развиваат стратегија, чија крајна цел ќе биде импичмент на Доналд Трамп.

Тоа за руските медиуми го соопштиле од националната комисија на републиканците во Конгресот – структура која се занимава со издигнување и популаризирање на кандидатите на партијата за изборите.

Дискусиите за новиот претседател на САД не стинуваат веќе неколку месеци. Незадоволни од победата на „непријатниот“ републиканец, претставниците на демократите ја користат секоја можност за да ги критикуваат активностите на новиот американски претседател. Некои претставници на политичките елити и на стручни кругови периодично нудат да бидат испитани т.н.. врски на екипата на Трамп со Руската Федерација и често потсетуваат на „конфиликтот на интереси“ Трамп – претседател и Трамп – бизнисмен.

Демократите постигнуваат напредок во подготовката на импичмент на Трамп. Нивното внимание во моментов е насочено кон 25-тата амандман на уставот, кој објаснува какви услови се потребни и каков „образ“ се потребни за претседателот да може да биде отстранет од неговата функција.

„Демократите не можат да се помират со поразот на Хилари Клинтон и обидуваат да најдат причина за импичмент “, гласи во документот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -