fbpx
16 C
Skopje

Денес продолжува петтата конститутивна седница

АКТУЕЛНО

Денес во Собранието на Република Македонија ќе се одржи петто продолжение од конститутивната седница, каде на дневен ред и понатаму е изборот на претседател на Комисијата за избор и именување, а следна точка е изборот за претседател на Собранието.

Во изминатите четири денови пратениците максимално го користеа своето право на збор, реплики и контрареплики, а често можеше да се види и како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сами на себе си реплицираат.

Претседавачот Трајко Вељаноски повеќепати упати молби до сите пратениците да не го злоупотребуваат правото за барање на процедурално и да дискутираат со цел да се одоговлекува работата на Собранието.

Дали новиот ден ќе донесе промени останува да видиме, но според најавите се ќе продолжи во ист тек.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -