fbpx
4 C
Skopje

Дерала: Како може да има 1,8 милиони гласачи а да сме вкупно 1,6 милиони жители

АКТУЕЛНО

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...

Во пресрет на референдумот кој треба да се одржи на 30-ти септември, Македонија повторно се соочува со истиот проблем како и на сите видови на избори. Фантоми гласачи и починати повторно се најдоа на Избирачкиот список, а непрочистен список може да има негативно влијание врз претстојниот референдум, вели Џабир Делара од ЦИВИЛ за „Фокус“.

„Бројката на фантоми и починати во Избирачкиот список не се знае, а веројатно и не може да се дознае со оглед на лошата состојба на овој документ. Кога би се дознала таа бројка, ќе бидеме на половина пат и да го прочистиме Избирачкиот список. Инаку, голем дел од проблемите на Избирачкиот список ЦИВИЛ веќе со години ги посочува.

Нашата соработка со релевантни експерти од Македонија, Хрватска и САД нѐ прават сериозни авторитети во оваа област, но очигледно е дека ДИК немаше интерес да ги сослуша препораките. Ние имаме голема доверба во еден Александар Новакоски, на пример, кој точно ги знае проблемите од внатре, со оглед на неговата правна експертиза, а уште повеќе неговото искуство како претседател на ДИК до 2011 година. Луѓе како Новакоски, но и неколкумина други со кои ние соработуваме, се очигледно непожелни за ДИК, бидејќи можеби и ќе им го решат проблемот“, ни изјави Дерала.

Според релевантни експерти, Македонија нема повеќе од 1,6 милиони жители, а бројот на гласачи изнесува 1,8 милиони, додава Дерала.

„Избирачкиот список, ваков непрочистен, секако дека може да има негативно влијание врз квалитетот на изборните процеси, како што е и случајот со претстојниот референдум. Погледнете го само бројот на гласачи – над 1,8 милиони. Проценките на релевантни експерти говорат дека во Македонија нема повеќе од 1,6 милиони жители вкупно, сосе новородените бебиња.

Треба ли повеќе да се говори за тоа како може да влијае само еден недостаток на Избирачкиот список. Да не говориме за проблемот со оние што ги нема на Избирачкиот список, за оние што се разместени итн. Сето тоа може да влијае демотивирачки на гласачите, да не говориме за тоа дека со ваков список се отвораат можности за сериозна повреда на гласачкото право“, заврши основачот на ЦИВИЛ.

Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Tвитер koментар: Кога ќе му кренеш на Мишко на фиксен, првото прашање му е дома си?

Вчера во медиумите одекна веста дека поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, по кого беше распишана меѓународна потерница, сам се појави во Обвинителството...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...
- Advertisement -