fbpx
6 C
Skopje

Дескоска го обвини, па тој веднаш се јави на Фејсбук: Груевски со барање до пратеничката Дескоска

АКТУЕЛНО

По емисијата „Click Plus“ на ТВ21 во која министерката за правда рече дека фамилијата на Груевски презема фирми и стануваат сопственици вечерва преку Фејзбук реагираше и екс-премиерот, а сега азилант Никола Груевски.

„По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува моето име. Барем една. Ако има таква. И да изнесе докази за тоа и веднаш нека ја конфискува. Ако нема такво нешто и ако има малку доблест треба да се извини“, напиша Никола Груевски на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Рената Дескоска на гостувањето вечерва во ТВ21, рече дека во минатото Груевски и фамилијата превземале фирми и станувале сопственици, но и дека тоа време е веќе завршено. Додаде дека се што ќе се докаже дека е Рекет или поткуп, треба да се санкционира.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -