fbpx
2 C
Skopje

Дескоска му врати на Груевски: Имаш покана, дојди во мојот кабинет и ќе ти дадам одговор

АКТУЕЛНО

По емисијата „Click Plus“ на ТВ21 во која министерката за правда рече дека фамилијата на Груевски презема фирми и стануваат сопственици вечерва преку Фејзбук реагираше и екс-премиерот, а сега азилант Никола Груевски.

„По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува моето име. Барем една. Ако има таква. И да изнесе докази за тоа и веднаш нека ја конфискува. Ако нема такво нешто и ако има малку доблест треба да се извини“, напиша Никола Груевски на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Рената Дескоска на гостувањето вечерва во ТВ21, рече дека во минатото Груевски и фамилијата превземале фирми и станувале сопственици, но и дека тоа време е веќе завршено. Додаде дека се што ќе се докаже дека е Рекет или поткуп, треба да се санкционира.

Веднаш следуваше и контра одговор од Рената Дескоска.

-Денеска г. Груевски ме почестил со своја реакција на моја изјава на дебатна емисија на ТВ21. Како одговор на неговата реакција сакам да потсетам дека во текот на дебатата за прашањата за кои реагира не кажав ништо ново што не можеше во минатиов период да се прочита во печатените и електронските медиуми. Сепак, вратата на мојот кабинет е отворена за г. Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде…

Денеска г. Груевски ме почестил со своја реакција на моја изјава на дебатна емисија на ТВ21. Како одговор на неговата…

Posted by Рената Дескоска on Saturday, December 14, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -