28 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

(Видео) Наречение на Бигорскиот Старец и Игумен Партениј за епископ Антаниски

Епископското служење е возвишен израз на апостолското преемство и продолжение на апостолската служба, без која нема вистинска Црква и кое со чистота на животот...

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител на денот на изборите

Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321,...

Мицкоски со писмо до граѓаните: Вашиот глас ги менува работите, се обврзувам дека со целата моја енергија ќе се вложам и нема да ве...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати отворено писмо до граѓани во пресрет на гласањето на парламентарните избори. Писмото во Мицкоски во продолжение може да...

Богојески: Епископ Партениј, многу години да служи на Бога… на Црквата… на Татковината!

За македонЦките работи!🇲🇰 Каузата е жива, МПЦ - ОА е жива, Македонија е жива! Епископ Партениј, многу години да служи на Бога... на Црквата... на Татковината! Достоен...

Десничарски удар, но за некое време

Пишува: Булеварко

Талат Џафери го укотви задникот на фотелјата за која Трајко велеше дека требало да се почека. Не почекавме многу. Народот кој што беше со месеци торпедиран со гнев и омраза, успешно беше изваден од кожа, и од своите домови. Луѓето влегоа во Собранието, и поделија тупаници! Тупаниците на луѓето беа многу поискрени од приказните на лажните водачи и расипани политичари. Насилството врз пратеници не е убава работа, но кога веќе дојде денот народни тупаници да играат во нашиот парламент, фер ќе беше тие да заиграа кај сите пратеници без исклучок. Само ден,два подоцна се покажа, дека и оние другине заслужиле ќотек, како и клетите предавници. Приказните на лажните патриоти паднаа во вода, водачите го предадоа тронот, а искрените патриоти заглавија во притвор. Мажот кој и удирал ќотек на жената пред да ја скрши стомната, бил во право. Политичарите кои го буцкаа народот да излезе од своите домови, ја скршија стомната, и ги изневерија луѓето кои им веруваа, и кои секако, си ја сакаат својата земја.

Сега откако на повидок е левичарско,албанска коалиција, која најавува де-партизација на државата, борба против криминалот и брзо интегрирање на државата во Европа, можеме само да им се тргнеме од скалите по кои чекорат, а правите десничари да земат воздух, и да соберат сила за некое убаво време кое доаѓа. Извалканата десничарска идеологија во Македонија, одеше по иста патека со лажните популистички приказни на лажните десничари дека Путин и браќата Срби, на бел коњ ќе дојаваат и ќе не спасат од клетите шиптари. Такви приказни можат да лиферуваат добро задоени комунисти, сталинисти, ленинисти и марксисти! Можат комотно да направат трансфер во владата која е во најава. И онака менувањето дресови, нема да им е прв пат во животот и потекнуваат од таа екипа.

На новите властодршци, можеме да им порачаме, да не заборават дека црвено црната идеологија е најсилната идеологија во Македонија. Дека ранетиот десничар ќе се крене од пепелта и повторно својата сила ќе ја побара во светите букви на ВМРО. Да не се надеваат оние кои шкртаа по ѕидови и оставаа пораки NEVER MORE VMRO дека ќе јуришаат на светоста на секој Македонец, зошто таквите желби ќе им бидат најголем непријател во нивната заложба за наводната демократизација на државата. Оние кои најавуваат дека со багери и копачи ќе удрат по идентитетот на идеолошките вмровци, треба да знаат дека ќе добијат чист десничарски одговор. Но не од  квази десничари како Мирка, Миленко, Латас, Бетмен Че Гевара и обвинети удбаши кои застанаа на колоната на одбраната на Македонија, туку од оние кои изминативе години плачеа и за дражвата и за партијата ВМРО. Ликот и делото на вечните Даме, Гоце, Тодор, Борис и други, живее кај речиси еден милион Македонци кои во себе носат и други приказни, освен оние партизанските од  периодот 1941 до 1945 година. Овие луѓе, надвор од валканиот политички простор, се темелот на Македонија и македонштината. Тие секогаш ќе бидат и ќе останат овде. Без разлика дали биле власт, опозиција, се бавеле или не со политика. ВМРО и Црвено црниот бајрак, живеат во срцата, на сите оние луѓе кои вие ги лажевте, и дел од нив предадовте.
Сега, кога десницата заринка во калта на извртените вредности, ќе има добра шанса и време, да се подигне од прашината, и да се врати на сцената уште посилна, и уште пообединета.

Latest Posts

(Видео) Наречение на Бигорскиот Старец и Игумен Партениј за епископ Антаниски

Епископското служење е возвишен израз на апостолското преемство и продолжение на апостолската служба, без која нема вистинска Црква и кое со чистота на животот...

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител на денот на изборите

Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321,...

Мицкоски со писмо до граѓаните: Вашиот глас ги менува работите, се обврзувам дека со целата моја енергија ќе се вложам и нема да ве...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати отворено писмо до граѓани во пресрет на гласањето на парламентарните избори. Писмото во Мицкоски во продолжение може да...

Богојески: Епископ Партениј, многу години да служи на Бога… на Црквата… на Татковината!

За македонЦките работи!🇲🇰 Каузата е жива, МПЦ - ОА е жива, Македонија е жива! Епископ Партениј, многу години да служи на Бога... на Црквата... на Татковината! Достоен...

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.