fbpx
5 C
Skopje

Детали од апсењето на Игор Југ: Се криел во стан на 100-на метри од полициска станица

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во центарот на Куманово, во стан рано утрово е уапсен 47-годишниот Игор Југ, осомничен за насилство на 27-ми април при упадот во Собранието. Полицијата го бара речиси 5 месеци, а на осомничениот уште во мај му е определен и притвор. Од кумановската полициска станица тој треба да биде префрлен во затворот во Шутка, информира Телма.

Југ е уапсен во станот на неговиот починат татко, кој се наоѓа во зграда на кумановскиот плоштад на стотина метри од полициската станица. Таму според информациите на полицијата Југ се криел десетина денови, односно во тој период почнал да го користи. По дознавањето на локацијата на засолништето, полицијата почнала да го набљудува местото.

Апсењето по потерницата е изведено рано утрово, кога полицајци од СВР Куманово упаднале во станот и го уапсиле Игор Југ, а тој воопшто не давал отпор. Апсењето било изведено бргу и без многу врева, па не било регистрирано ниту од соседите во зградата. Приведениот е префрлен во кумановската полициска станица.

Југ е осомничен за учество во насилствата на 27-ми април. МВР по апсењето го издаде соопштението во кое наведува дека покрај за собранискиот упад, за Југ имало распишано уште две потерници за дела извршени во Скопје, за една тепачка и за разбојништво.

Југ е водач на здружението Владо Черноземски, со кое беше дел од патриотскиот фронт. Фронтот беше активен учесник во протестите кои кулминираа со упадот во Собранието на 27-ми април кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Сашо Василевски ги отворија вратите пред демонстрантите.

Токму преку таа врата Југ влегува во Собранието и се упатува во собраниската прес сала каде беа претепани и повредени пратеници, новинари и обезбедување. Останатите насилници скриени со фантомки влегоа од задниот влез во Собранието. Југ беше забележлив во Собранието затоа што носеше црна маица со симбол на про-усташката организација ХОС. Беше забележан како подолго време ја држи раката на грбот под маицата по што јавноста се прашуваше дали бил вооружен со огнено оружје. Југ беше посочен и од српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ (бил во Собранието за време на инцидентите) во неговото прво интервју, дека Кумановецот требало да го застрела Заев во прес салата, но преку фејсбук Југ одговори дека доколку имал таква цел ќе го сторел тоа. Пораката ја пишал од своето засолниште во центарот на Куманово. Југ е осомничен од скопското јавно обвинителство, но во меѓувреме истрагата за организацијата на крвавите собраниски настани од 27-ми април ја презеде и обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

 

извор Телма

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Пронашол изгубен новчаник, подоцна добил писмо кое го расплакало

Се враќал од продавница, кога на паркингот до автомобилот забележал туѓ новчаник. Веднаш покажал дека е добар човек, со потегот кој го направил. Џастин Тарел...

Авиooн се срyшил, загинале 520 луѓе, а 35 години подоцна се појавил пак на радарите

Јапонски патнични авион со број JL123 на Japan Airlines се срушил на 12 август 1985 година. И до ден денес според статистиката тој е...

Една од последиците на коронавирусот е опаѓање на косата

Голем број луѓе со коронавирус по закрепнувањето пријавија проблем со опаѓање на косата, а некои познати личности решија да го споделат со јавноста. Една од...

ХАРВАРД ТЕСТ ОД 1869 ГОДИНА: АKО ГО ЗНАЕТЕ ТОЧНИОТ ОДГОВОР, ВИЕ СТЕ НАТПРОСЕЧНО ИНТЕЛИГЕНТНИ

Малку луѓе можат да одговорат правилно на ова прашање. Внимателно прочитајте ја задачата и обидете се да го дадете точниот одговор Универзитетот Харвард е познат...

Лажат штом проговорат: Три хоросkопски знаци кои премногу саkaат да ја извртуваат вистината

Никој не ја кажува вистината во секој момент од животот, на за личностите родени во овие знаци, лажењето е составен дел од денот. Тие...
- Advertisement -