Македонски автобус се преврте на пат до Копаоник, на магистралниот пат Прокупље – Блаце.
Во несреќата повредени се вкупно 18 патника, од кои 4 потешко, информира ТВ21.
Автобусот одел кон Копаоник, а од непознати причини се превртел крај патот. Оние со полесни повреди биле пренесени во болница во Блаце, додека оние потешко во болницата во Прокупље.