22 C
Skopje

Детална анализа: Познато какво време не́ очекува во февруари

АКТУЕЛНО

И Апасиев се огласи за Палчо: Ќе формираме наша црвена милиција

По немилиот настан со Љупчо Палевски – Димитар Апасиев се огласи на фејсбук: Ја не се сеќавам у време на Грујо вака со шипки и...

Груби со најава: Владатa ќе разгледа дали да субвенционира вработување на албанците и граѓани од други помали етнички заедници

Во синоќешното гостување емисијата „Клик плус“, вицепремиерот Артан Груби најави дека Владата ќе ја разгледува можноста за субвенционирање на приватните компании кои ќе вработат...

Премиерот Заев со владина делегација во дводневна посета на Атина

Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот, оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување...

Оваа година веројатно нема да имаме зима, барем ако може да им се верува на долгорочните прогнози. Најавите на синоптичарите се дека температурите ќе бидат над просекот а врнежи од снег на пониските места воопшто и нема да има. Температурите, барем во Скопје, ретко ќе одат пониско од минус 5 степени а во текот на денот често ќе имаме температури околу 7 до 8 степени.

Во поглед на врнежите, она што остана од јануари ќе помине во релативно влажно време. Речиси секоја недела ќе има услови за врнежи од дожд кои можеби ќе прејдат кон снег, но тоа нема да креира никаква снежна покривка. Вакви услови според долгорочните прогнози ќе има кон крајот на овој месец.

Некои поголеми промени нема да има ни во првата половина од февруари. Разликата е што некаде кон средината на месецот дневните температури може да достигнат и двоцифрена вредност а од време на време ќе го гледаме и сонцето.

Во поглед на врнежите во првата половина на февруари не се очекува некоја поголема влажност но во последните две недели ќе има услови за послаби врнежи од дожд кои на некои места може да преминат во слаби снежни врнежи.

Се она што не го видовме во јануари и февруари ќе има услови да го видиме во март. За овој месец долгорочните прогнози покажуваат зголемена влажност со услови за поинтензивни врнежи од снег кои нема да може да се задржат поради високите дневни температури кои во одредени денови од март ќе доаѓаат и до 15 степени.

Со тоа, врнежите од снег ќе преминуваат во дожд па се очекува да врне речиси повеќе од половина месец.

Сепак треба да се има предвид дека долгорочните прогнози не даваат секогаш прецизни информации и треба да служат само како насока за оние кои што нешто планираат во периодот кој следи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

30 момчиња од Комити приведени во полициската станица во Кисела Вода

30-тина момчиња од навивачката група „Комити“ вечерва се приведени и однесени на распит во Полициската станица во Кисела Вода, дознава „Инфомакс“. Според нашите информации, момчињата...

Професор претепаал ученичка до смрт поради неточни одговори

Професор по математика од кинеската провинција Сечуан до смрт прee тепал ученик во основно училиште за два погрешни одговори на неговите прашања. Како што пишува...

Конечно излезе видео кое јасно укажува зошто треба да се укине ТИК ТОК – ова го гледаат и млади луѓе

Зошто СТОП за TikTok во Македонија? Затоа што ова го гледаат и млади луѓе! Ваква објава излезе на фејсбук страницата СТОП за ТикТок во Македонија....

Република Северна Македонија на лажговци

Нашата мила Македонија! Онаа која требаше да ја градиме, чуваме, негуваме, развиваме! Онаа Македонија во која се родивме, растевме, пораснавме, добивме синови и ќерки, внуци! Онаа...
- Advertisement -