10 C
Skopje

Детето секое сабајле станува и бара паштета, ние немаме ништо: Тешка животна приказна на сиромашно семејство

АКТУЕЛНО

Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на...

Николовски: 2021 ќе биде година во која ќе ги намалуваме и спојуваме институциите

Се работи на сите анализи за спојување и намалување на бројот на институции и 2021 ќе биде година во која ќе ги намалуваме или...

За кого нема да важи задолжителното носење маска на отворено?

Заврши седницата во Собранието каде што беа донесени измените на законот за заштита на населението од заразни болести. Измените на законот беа донесени со 53...

Собранието одлучи: Задолжително е носење на маска на отворено, забрането групирање по 22ч

Со 53 гласови „за“ и 26 воздржани, пратениците вечерва ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Законот,...

Од Струмица ни пристига уште една тешка животна приказна на сиромашно семејство, а истата во јавноста ја носи Телевизија 24 кој подготви прилог во кој што се вели:

Во две трошни соби и без никакви примања живее петчленото семејството Ѓеоргиеви од стурмичко Просениково. Тврдат дека неправедно Центарот за социјални работи од Струмица им ја укинала социјалната помош што ја примале до март, а

средствата од околу 8500 денари за нив бил единствениот извор за егзистенција.

Таткото Павло вели дека цели 6 месеци се надмудруваат со институциите да докажат дека вонбрачната сопруга се пријавува во Агенцијата за вработување и го остваруваат правото за што позитивно се изјаснила и Државната комисија.

Павло Ѓеоргиев и Даниела Тонева од Штип живеат во вонбрачна заедница од којa имаат и дете. Немат никаков имот, а семејството го прехрануваат од аргатување и паричната помош

Тонева вели дека се пријавува во Агенцијата за вработување, но социјална помош не добиваат. Од министерството за труд и социјална политика не прецизираа зошто им е укината социјалната помош.

На прашањето зошто е укината одговорија дека вонбрачната сопруга не се пријавувала во рок од 30 дена од приемот на решението при што потврдија дека Државната комисија ја уважила жалбата со што предметот го вратила на повторно разгледување и одлучување на првостепениот орган кој повторно носи негативно решение на кое како што информираа од Министерството за труд и социјална политика повторно имаат право на жалба.

Каква е таа правда. Жената се пријавува, а ми велат дека не се пријавува. Поднесовме жалба и истата во Скопје беше уважена, а од нашата во Струмица се одбива и притоа таму не ми се обратија како што треба,вели Павло Ѓеоргиев.

Земав дечки додаток од 1600 денара за моето детенце. И нив ги укинаа, еве тоа детенце и комшиите го гледат, секое сабајле станува и бара паштета. Јас не сум вработена, тој не е вработен, немаме земјоделие.

Од ова тука се живее, немаме ништо, ни купатило ни перални, не сме богати. Ние ништо немаме – низ солзи завршува.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Над 800 новозаразени во последните 24 часа: Направени се 2699 тестови

Во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 390, Куманово 22, Штип 28,...

Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на...

Штипската болница го адаптира Кожното одделение за прием на пациенти со коронавирус

Кожното одделение во штипската Клиничка болница од понеделник ќе прима пациенти заразени со коронавирус на кои им е потребно болничко лекување. Директорот на Клиничка болница-Штип,...

Никола Димитров се сретна со германскиот министер за Европа Михаел Рот

На панелот за проблемот со иселувањето на младите од регионот зборував со исклучителни млади луѓе, потпретседателката на ЕК за демократија и демографија Дубравка Шуица...

Бесими: Стотици илјади граѓани и илјадници фирми го очекуваат ребалансот на буџетот и четвртиот пакет на мерки

Финансиска поддршка за децата без родители, мапирање стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, изградба на дел од третиот крак за водснабдителен систем во...
- Advertisement -