fbpx
13.8 C
Skopje

Девојче пишува домашна врз куп ѓубре – некои деца имаат навистина тешка судбина (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Снимката од турскиот град Арнавутлук покажува низ кои се тешкотии мора да помината децата бегалци. Девојчето Халиме Цума пред година дена со своето семејство морала да побегне од Сирија. Морала да се навикне на живот во тешки услови, но не сакала да го заборави ни образованието.

Снимката, која го обиколи светот, ја прикажува Халиме како седи врз куп ѓубре и учи. Се вредно запишува во тетратка, додека автомобили и мотори поминуваат покрај неа. Иако била опкружена со ѓубре, тоа не ја деконцентрирало. Нејзинито семејство не можело да си дозволи да ги плати трошоците за школување па Халиме морала сама за себе да се погрижи.

Како што се прошири видеото на интернет, турските власти и пронајдоа место во едно училиште. Таа во Турција живее со родителите и шест браќа и сестри.

„Сакав моите деца да одат на училиште и ме мачеше тоа што не можеа. Халиме почна да оди и јас сум пресреќен. Сега ќе може да напредува, а се надевам дека наскоро и останатите ќе може да се образоваат“, рече таткото Абдулрезак.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -