Можеби заради ова што ви го пишувам ќе ме осудувате или пак ќе се согласите со мојот став, но сепак ќе го напишам за сите оние кои се наоѓаат во слична ситуација како јас. Го посветувам на сите млади девојки, тинеџерки кои полека стануваат жени. Не секогаш знаеме што е правилно за нас и една погрешно донесена одлука може да ни го уништи можеби и најубавиот период од животот.
Живеевме во различни држави. Верувајте тешко е да сакаш некој кој не е покрај тебе, да живееш за денот кога ќе се видите, за денот кога погледите ќе ви се сретнат, а усните спојат. Но, мислев дека вреди и продолжував да го чекам. Дојде денот на неговото пристигнување и на мојата среќа и немаше крај.
Целиот мој свет беше тој, но тој го сруши. Мислев дека не може да ме остави и заборави. Па нели јас бев она кога го чекаше цело време и беше само негова. Но, често се слушуваат работи кои не можеме да ги предвидиме. Јас бев онаа која вистински го сакаше, а тој само го посакуваше моето тело. Не можев да го направам тоа. Не можев целосно да се предадам на некој кој не ме сака и кој е подготвен да ме остави повторно.
Мислев дека ќе ја почитува мојата одлука, но тој беше решен се да заврши поеѓу нас доколку не го добие она што го посакува. Внимавајте, момците не се онакви како што мислиш, ќе те повредат повеќе отколку што очекуваш и ќе ти ја покажат најлошата страна на љубовта.
Но, не се откажувај, не губи надеж затоа што еден ден сигурно ќе го најдеш оној што повеќе ќе ти ја сака душата отколку што ти го посакува телото. Никогаш немојте да си дозволите да бидете со некој кој само го посакува вашето тело. Не си го правете тоа зло на себе. Еден ден и тој ќе си замине и нема да ви се заблагодари за она што го направивте за него и за вашата љубов.
Фото: Илустрација
Авторски текст. Името и презимето се познати на редакцијата на Поглед.