fbpx
15 C
Skopje

Џафери закажа седница: СДСМ ќе ги донесе пратениците во скафандери

АКТУЕЛНО

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 14 часот ја закажа 32. седница со 21 точка, меѓу кои и Националната стратегија за борба против корупцијата.

По неа ќе се одржи 36. седница, на која треба биде изгласан петтиот пакет економски мерки за да може фирмите на своите работници да им исплатат плати, пишува СДК.МК

До денеска, нема договор со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од која се потребни неколку пратеници да се присутни на седница, зашто нема кворум поради тоа што има тројца пратеници од власта позитивни на коронавирус. Кворум може да обезбедат и пратениците од албанската опозиција.

Неофицијално, утре едната пратеничка од СДСМ излегува од изолација, стои во веста на СДК.МК

„Ако не сакаат Алијанса за Албанците/Алтернатива да дојдат утре за кворум и за гласање, останува опцијата да се донесат во скафандери колегите кои се во изолација”, велат пратеници од владејачкото мнозинство.

ИЗВОР: СДК.МК

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -