12 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Џамбаски за Поглед: Ако сакаме бизнисот да функционира мораме да имаме автопат од Охрид до Бургас

Последните неколку години го обележаа воскреснувањето на перспективата за членство во ЕУ и НАТО на државите од Западен Балкан. На почетокот на мандатот на минатата Европска комисија, беше јасно изјавено, дека не се очекува да има посебен напредок во однос на проширувањето на унијата.

Тоа беше пропуст и манифестација на очигледната кратковидост. Балканот е недовршен дел од геополитичката карта на Европа. Европската унија одамна одбива да го прифати тоа што треба да направи напори за интегрирање на овој регион.

За среќа, бугарското претседателство со советот на ЕУ го промени тој став на европските бирократи. Бугарската влада успеа да ја наметне темата за интеграцијата на Западен Балкан во дневниот ред на Европа. Тоа се разбира, не означува дека, на државите од регионот треба да им се прават било какви отстапки. Напротив, треба да се настојува за реформи, кои ќе донесат конкретни резултати. За да се случи тоа, е нужно граѓаните на државите од Западен Балкан да погледнат реална можност за присоединување.

Резултатот од тие реформи не доцни. ЕК даде препорака на Советот да започне преговори за отпочнување на преговори со Република Македонија, а и Република Албанија. Што се однесува до Албанија, би сакал да ја поздравам владата на државата, каде што во тек е брилијантна судска реформа, на која многу земји во Европа можат да и завидуваат. Двете страни се чинеа подготвени да ги започнат тешките преговори со ЕУ.

Точно во тој момент дојде и звучниот шамар од страна на еден европски лидер кој сака себеси да се именува како чувар на обединета Европа Емануел Макрон. Тој реши да стави вето на прашањето за проширување на ЕУ односно на започнувањето на преговори со ЕУ од една страна и Северна Македонија и Албанија од друга страна. Ова не само што ја откри политичката кратковидост на ЕУ, но и ја зацементира ЕУ како импотентна организација.

Бугарија, како активен партнер и силен поддржувач на евроатлантската ориентација на Македонија, не може да издржи и да го гледа тоа од страна. Ако сакаме бизнисот да функционира, тогаш мораме да имаме автопат од Охрид до Бугарс без семафори. Ако сакаме да ги излекуваме раните од минатото, треба активно да работиме за регионалната соработка и напредок. Ако сакаме да спречиме интервенцијата на трети земји во нашиот регион преку нивните марионети, мора да имаме активна улога во сите сфери на културната, економската и политичката сфера во регионот.

Затоа во моето својство како потпретседател на Фондацијата New Direction заедно со меѓународниот републикански институт организираме средба на високо ниво на тема „Западен Балкан“. Средбата ќе се спроведе на 7 декември во Националниот дворец на културата и на неа ќе присуствуваат министри од Бугарија, европски претставници, претставници од политички партии на Македонија – Петар Колев (ГДУ) дипломати, вклучително и од Македонија, учени и млади лидери од регионот. Меѓу главните теми што треба да се дискутираат се безбедност, европска перспектива, регионална соработка и економскиот развој на земјите од регионот.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.