10.9 C
Skopje

Џамбазов за Тоше: Поминаа 13 години, а ние ништо не научивме од него

АКТУЕЛНО

Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на...

Николовски: 2021 ќе биде година во која ќе ги намалуваме и спојуваме институциите

Се работи на сите анализи за спојување и намалување на бројот на институции и 2021 ќе биде година во која ќе ги намалуваме или...

За кого нема да важи задолжителното носење маска на отворено?

Заврши седницата во Собранието каде што беа донесени измените на законот за заштита на населението од заразни болести. Измените на законот беа донесени со 53...

Собранието одлучи: Задолжително е носење на маска на отворено, забрането групирање по 22ч

Со 53 гласови „за“ и 26 воздржани, пратениците вечерва ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Законот,...

Денеска се навшуваат тринаесет години откако Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Тоше беше пример за сите, тој беше човек од кој секој можеше да научи по нешто хумано и човечко.

За жал, Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил сподели разочарувачки статус: Поминаа 13 години, а ние ништо не научивме од него…

Игор Џамбазов со потресна исповед за нашиот ангел Тоше Проески кој пред осум години трагично го загуби животот во страшна сообраќајка.

 

Што да се каже или напише за Тоше?

Што не е кажано или напишано за Тоше?

Или пак, во оваа ера на жолт печат и инстант небулози, повеќе нема место за, искрени и чесни души каква што беше неговата.
А… Сите сакаа да бидат како него. Сите сакаа да бидат до него. Сите сакаа да се сликаат со него. Сите сакаа да зборуваат за него. Сите сакаа да се расплачат од него.

И сите плачеа… Тој ден сите плачеа. Тој ден сите ние загубивме по еден дел од себе.

Смртта на Тоше кај нас Македонците е некаков еквивалент на смртта на Џон Кенеди кај Американците. Сите оние што живееле во времето на тој можеби најпознат атентат во историјата, точно знаат каде биле во тој момент, со кого биле, што правеле, што зборувале и како реагирале на објавувањето на трагедијата. сите ние вечно ќе го паметиме тој момент. И тешко дека ќе го заборавиме.

Јас пак никогаш нема да ја заборавам нашата прва средба. Прилеп, 1997. во домот на културата, фестивал на млади пеачки надежи, од целата земја. Зад сцената беше врвулица од тинејџери кои едноставно…не престануваат да пеат. Најмногу се истакнуваше една група од средното музичко училиште во Битола,
во која беше и Тодор, се запознав со сите.
Се сеќавам дека тој ми персираше, не се сеќавам дали го правеа тоа и другите деца,
но тој го правеше тоа на посебен начин. по тоа и го запаметив … И на крајот на фестивалот, кога жирито го прогласи за победник,
ептен му се израдував, ми беше мило што такво пристојно и воспитано дете успеа. И навистина успеа, само пет години подоцна стана sвезда, работевме заедно, како ексклузивци на продуцентската куќа Авалон.

Бевме заедно на таа, досега најголема турнеја на македонски уметници во Австралија.
Никогаш нема да го заборавам ова:
Во тоа време, по цел ден свирев прим, тоа еден прекрасен стар инструмент, сличен на мандолината, вежбав по неколку часови дневно, за потребите на еден филм, вежбав веќе неколу месеци.
И навистина напреднав во свирењето…

И додека летавме со авионот кон Сиднеј, свирев за да ја убијам здодевноста,
кога и тоа ми стана здодевно, некаде над Дубаи, го оставив примот, а Тоше ме праша:
Може да пробам малку?

И драг мој читателу, момчето почна да свири на инструментот што го имаше во рацете за прв пат.
Отпрвин малку срамежливо, па се посигурно и посигурно…
Она што јас го вежбав со месеци, Тодор го совлада, а авионот не беше стигнат ни до Сингапур.

Тешко е да се заборави таков човек, скоро невозможно.
Дури ни времето, тој немилосрден убиец на спомени, не му може ништо.

Иако, нашите радија и телевизии како да го забораваат,
се сеќаваат на него два-три пати годишно.
Сакам да им порачам еден поразителен факт:

Ако го ставиме кичот и шундот од една страна
и нашиот ангел од другата, односот е десет на еден.

Десет полуталентирани на еден суперталент.
Не е убаво. налет друго, не е фер.

А тебе Тодоре, драг мој пријателе, те поздравувам.

Набргу ќе се видиме, сакале-нејќеле. Иако јас не сум сигурен дека мене ќе ме пуштат таму каде што си ти. Но, ако фатам врски преку дедо ми, и ако ме пуштат…
Ќе биде забавно…

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Над 800 новозаразени во последните 24 часа: Направени се 2699 тестови

Во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 390, Куманово 22, Штип 28,...

Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на...

Штипската болница го адаптира Кожното одделение за прием на пациенти со коронавирус

Кожното одделение во штипската Клиничка болница од понеделник ќе прима пациенти заразени со коронавирус на кои им е потребно болничко лекување. Директорот на Клиничка болница-Штип,...

Никола Димитров се сретна со германскиот министер за Европа Михаел Рот

На панелот за проблемот со иселувањето на младите од регионот зборував со исклучителни млади луѓе, потпретседателката на ЕК за демократија и демографија Дубравка Шуица...

Бесими: Стотици илјади граѓани и илјадници фирми го очекуваат ребалансот на буџетот и четвртиот пакет на мерки

Финансиска поддршка за децата без родители, мапирање стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, изградба на дел од третиот крак за водснабдителен систем во...
- Advertisement -