6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Џерард: Салах е најдобриот фудбалер во светот во моментов!

Легендата на Ливерпул и еден од најголемите лојални играчи на клубот Стивен Џерард се огласи по синоќешното прекрасно издание на репрезентативецот на Египет и лидер на тимот од Ливерпул Мохамед Салах.

„Египетскиот Меси“ сезонава постигна 43 голови, беше прогласен за најдобар играч во Африка за 2017 година, а оваа сезона ја доби и титулата – најдобар играч во Премиер лигата, пет пати беше најдобар играч на месецот во првенството, а покрај ова ја однесе својата репрезентација на СП каде што ќе ги браните боите на Египет во Русија.

– Никогаш не бил во подобра форма. Тешко е да го споредите со Роналдо и Меси, затоа што тие беа на високо ниво долго време. Сепак, без сомнеж, Салах е најдобар фудбалер во светот во моментов“, кажа Џерард.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -