fbpx
27.8 C
Skopje

ЏЕРМЕЈН ДЕФО ПЛАЧЕ ЗА МАЛИОТ БРЕДЛИ: Ужасно ми е тешко, мислам дека во прашање се денови..

АКТУЕЛНО

Новиот напаѓач на Бурнемут, е голем пријател на малиот навивач на Сандерленд Бредли Лоури кој целиот свој живот се бори со рак. Лекарите на крајот од 2016 година кажаа дека му остануваат уште неколку месеци живот.

Храбриот Бред пребродрел рак, но таа тешка болест повторно се вратила и според најновите информации, неговата состојба е многу лоша.

Новиот напаѓач на Бурнмаут ги искажа сите свои емоции за време на прес-конференцијата која ја даде пред новинарите, особено кога му беше поставено прашање за состојбата на неговиот мал и близок пријател.

Времето минато со него беше специјално, врската која ја минав со Бред ќе ја паметам уште од првиот момент. Во прв момент не можев да поверувам дека Бред е тоа болно момче, тој едноставно беше полн со живот и трчаше накај мене. Од тој момент имам специјална врска со него, разговарам со неговата фамилија секој ден. Бев покрај него пред неколку дена и ми беше навистина тешко да гледам како се мачи. Мислев дека сум подготвен за ова, поминав низ нешто слично при смртта на мојот татко… Но навистина е тешко да се гледа вака момче на негова возраст. Очигледно многу се мачи во последно време и прашање на време е за најлошото. Тој секогаш ќе биде во моето срце до крајот на мојот живот, – гласи крајно емотивниот говор на Дефо на кој дефинитивно никој не може да остане рамнодушен, раскажа Дефо кој се расплака пред присутните новинари.

https://www.youtube.com/watch?v=cPPajiViMno

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -