fbpx
17 C
Skopje

„Џонсон Мети“ од Македонија во првите 100 компании со најголеми приходи во ЈИЕ во 2016

АКТУЕЛНО

Мијалков доби казна затвор од 12 години

Сите обвинети се виновни за дејствијата, истакна на денешното изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ судијката Џенета Бегтовиќ. Судот ги донесе следните пресуди: Горан Грујевски ги...

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Захариева доби прашање дали е можно под притисок да го тргнат ветото: Еве што одговори

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева во утринско интервју на БТВ, на новинарското прашање може ли под притисок од Европската Унија Софија да...

Компанијата „Џонсон Мети“ е единствената компанија од Македонија која е рангирана меѓу првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016 година во Југостична Европа.

Во годинашното издание на „Топ 100 од Југоисточна Европа“ што го изработува „СиЊуз“ провајдерот на деловни информации, се наведува дека компанијата ги подобрила своите перформанси, издигнувајќи се од 24 место во 2016 година на 17 место оваа година, со 12 отсто во вкупниот приход.

Меѓу 100-те најголеми банки во ЈИЕ се пет македонски кредитори, од кои Комерцијална банка а.д. е рангирана на 45. место, додека од петте осигурителни компании од Македонија како дел од стоте најголеми во регионот, „Триглав осигурување“ е рангирана на 71 место.

„СиЊуз“ веќе десет години објавува годишно рангирање на првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016 година, како и првите 100 најголеми банки по вкупна актива и најголемите 100 осигурителни компании по бруто премии во Југоисточна Европа.

Во извештајот се наведува дека растот на домашната побарувачка во услови на историски ниска инфлација и зголемување на приватните инвестиции и вработување продолжија да го водат економскиот раст во Југоисточна Европа во 2016 година.

– Економските поттикнувачки фактори беа од корист за повеќето трговци и произведувачи на возила – двете индустрии кои се најосетливи на промени во расположливиот доход, како и на потрошувачкото расположение. Истовремено, големите нафтени и гасни компании, кои традиционално доминираат во рангирањето на најголеми компании во регионот, продолжија да работат со загуби, што влијаеше на вкупниот приход на учесниците на „ТОП 100 од ЈИЕ листата. Комбинираната нето-добивка на стоте најголеми компании се зголеми за 39 проценти во споредба со профитот на минатогодишните учесниците во рангирањето, стои во извештајот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Мијалков доби казна затвор од 12 години

Сите обвинети се виновни за дејствијата, истакна на денешното изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ судијката Џенета Бегтовиќ. Судот ги донесе следните пресуди: Горан Грујевски ги...

Убави цифри: Koлky можете да заработите во Чвајцарија како фризер, столар, возач

Убави цифри: Колку можете да заработите во Швајцарија како фризер, столар, возач… Кантонот на Цирих неодамна објави водич за плата од кој може да се...

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Поучна приказна за Човекот, Бог и празниот куфер која ќе ви го смени животот

Си поминал некој човек. Во еден момент забележал како му се приближува Бог, кој со себе носел куфер. И Бог рекол: „Сине, време е...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...
- Advertisement -