fbpx
20.8 C
Skopje

ДИК го објави процентот за излезноста до 13 часот, а еве колку е тоа во споредба со последните локални избори

АКТУЕЛНО

Од Државната изборна комисија информираа дека до 13 часот своето право на глас го искористиле 261.470 граѓани, односно излезноста е 16%.

Процентот на излезност се движи меѓу 7% и 19% во зависност од општините. Највисока излезност има во Куманово, Прилеп и Гевгелија каде до 13 часот гласале над 19 отсто од гласачите, додека најмала во Босилово каде гласале 6,9 отсто. Во Куманово гласале 16,15 отсто, додека во Бутел 16,8 отсто.

За споредба на локалните избори лани излезноста до 13 часот беше 27%, но според претседателот на ДИК очекувано е одѕивот да биде помал за референдум.

-Тешко е да се направи споредба затоа што на претходните гласања објавувањето на резултатите беше во различни тајминзи.

Одлучивме овој пат на секои два часа да објавуваме резултати затоа што во овој случај на референдумот еден од услови е излезноста. Се работи за два различни циклуси и нормално е на избори да биде повисока излезноста – рече Оливер Дерковски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -