23 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Заев: Ахмети ја утна. Никогаш не сум бил пијан

Лидерот на СДСМ, на прашање на ТВ21 како ја коментира изјавата на неговиот досегашен коалиционен партнер, Али Ахмети дека пиел ракија, а потоа се...

Заев: Ќе ги победиме ДУИ во шестата изборна единица

Нам ни беше тешко изминативе години со ДУИ, тие се долго време на власт, 17 години го прават своето, станале моќни, и добро е...

(ВИДЕО) Со цитати од македонските поети Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев и СДСМ

Претседателот на грчката партија Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас цитирајќи ги македонските поети Блаже Конески и Владимир Мартиновски истакна дека дека...

Мисајловски од Радишани: Македонија ќе се исправи и гордо ќе чекори напред, Радишани е за Обнова на Македонија

Го посетив населеното место Радишани, како и црквата “Св. Наум Охридски” каде што успеав да се сретнам со неколку граѓани и да поразговарам со...

ДИК утре одлучува дали Ристо Ставревски ќе биде шеф на СВР – Скопје

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска го доставил барањето за мислење до Државната изборна комисија (ДИК), во врска со одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје, која не беше потпишана од дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска, потврдија за МИА од ДИК.

Седницата ќе се одржи утре, а ДИК дополнително ќе соопшти за терминот. Според Чулев, проблематизирањето на изборот на Ставревски за началник на СВР-Скопје е од политички причини и го изразува стравот на критичарите од професионално вршење на активностите.

Дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска во изјава за МИА вели дека таа не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје и оти се одлучила на овој чекор бидејќи за Ставревски имало аудио снимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи.

Согласно Законот за влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада потребни се два потписа, односно тие имаат врзани потписи.

Во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик министер во министерствата во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите, ДИК е должна, во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до односното Министерство. Одлуката на ДИК е конечна.

Една седмица по изборот на новата техничка влада почнаа кадровските промени, согласно Пржинскиот договор. Во МВР во петокот беа назначени 12 раководители и 12 дополнителни заменици раководители на сектори и оддели, согласно член 44 од Законот за Влада на Република Северна Македонија. Сепак, министерот Чулев и дополнителната заменик министерка Петровска не се договорија за позицијата раководител на СВР Скопје.

ДИК

Latest Posts

(ВИДЕО) Заев: Ахмети ја утна. Никогаш не сум бил пијан

Лидерот на СДСМ, на прашање на ТВ21 како ја коментира изјавата на неговиот досегашен коалиционен партнер, Али Ахмети дека пиел ракија, а потоа се...

Заев: Ќе ги победиме ДУИ во шестата изборна единица

Нам ни беше тешко изминативе години со ДУИ, тие се долго време на власт, 17 години го прават своето, станале моќни, и добро е...

(ВИДЕО) Со цитати од македонските поети Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев и СДСМ

Претседателот на грчката партија Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас цитирајќи ги македонските поети Блаже Конески и Владимир Мартиновски истакна дека дека...

Мисајловски од Радишани: Македонија ќе се исправи и гордо ќе чекори напред, Радишани е за Обнова на Македонија

Го посетив населеното место Радишани, како и црквата “Св. Наум Охридски” каде што успеав да се сретнам со неколку граѓани и да поразговарам со...

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.