14.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

ДИК: За да нема недоразбирања – за да се отвори гласачко место во дијаспората, доволно е да се пријават само 10 гласачи

Нема пропуст во процедурата за пријавувањето на дијаспората за гласање на претстојниот референдум на 30 септември, велат од Државната изборна комисија, за „САКАМДАКАЖАМ“.

„За да се отвори гласачко место во македонските дипломатски конзуларни претставништва (ДКП) во странство, треба да се пријават само десет, а ако има пријавено илјада гласачи, се отвора дополнително гласачко место во истото ДКП. На сите ќе им биде овозможено да гласаат“, велат од ДИК за СДК.

Македонците кои живеат во Австрија се пожалија дека ќе им биде оневозможено гласањето на референдумот, бидејќи во соопштението на македонската амбасада во Виена пишувало дека за да се овозможи гласање, потребно е да се пријават илјада гласачи. Поради несигурното гласање, дел од нив купиле карти за да можат да гласаат во Македонија на референдумот.

Од Владата и МНР кажаа дека станува збор за недоразбирање и грешката е корегирана.

Македонските иселеници во Швајцарија и Австрија до сега најзаинтересирани за гласање на претстојниот референдум.

Од Државната изборна комисија укажуваат дека доколку некој од иселенците се пријави за изјаснување во дипломатско конзуларно претставништво во странство тогаш нема да може да гласа во Македонија доколку допатува во земјата

Од ДИК нагласуваат дека промените во Избирачкиот список граѓаните може да ги направат само со поднесување соодветна документација и ги повикаа граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август.

На првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список на 9 август во подрачните единици проверка направиле 213 граѓани, а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата.

Извор: Прес 24

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -