fbpx
10.8 C
Skopje

Димитар Апасиев: Кога ви викавме подобро Уставен да го поништеше, немаше вака да се бламирате!

АКТУЕЛНО

Професорот и член на презедиумот на партијата Левица, Димитар Апасиев, на неполн час пред затворање на гласачките кутии пишува „Коа ви викавме боље Уставен да ви го поништеше, бар немаше вака да се БЛАМИРАТЕ“.

Претходно Седум уставни судии гласаа против, а двајца за поведување на иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум. Подносителите од Левица и Светскиот Mакедонски Kонгрес обвинија за притисок врз судиите.

По два часа излагање на секој судија одделно од деветте членови на Уставниот суд, одлуката е дека тие не изразуваат сомнеж за неуставноста и законитоста на оспорената одлука. Со седум против и два за поведување на иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум заврши седницата чиј епилог се насети и од дискусијата на судиите.

За поведување на иницијативата гласаа судијата известител Елена Гошева и судијата Јован Јосифовски. Гошева во своето излагање рече дека референдумското прашање е нејасно и суштински погрешно, има повеќе прашања во него, дека е нејасен и видот на референдумот нагласувајќи дека не постои консултативен референдум за сојузништво. Според неа, спорно е и што Договорот од Преспа го потпишал министерот за надворешни работи бидејќи тој немал правно овластување за ваков тип на договори, додавајќи дека се уште нема Закон за негова ратификација.

Со слични позиции настапи и Јосифовски, кој претходно им забележа на дел од колегите дека немале елементарна почит кон подносителот и судијата известител во нивните искази.

Пред него, судиите Дарко Костадиновски и Осман Кадриу, двајцата избрани за уставни судии во почетокот на годинава по предлог на претседателот Ѓорге Иванов, се изјаснија против поведувањето постапка за уставноста и законитоста на референдумот.

Според Костадиновски има одредени недостатоци, кои како што рече, сепак не ја прават оспорената одлука за референдум незаконска, наведувајќи дека трите прашања во референдумското прашање имаат причинско последична поврзаност.

Кадриу, пак, тврди и дека немало основа на оспорувањето на законитоста на референдумот поради тоа што се гласа за влегување во сојуз за што е потребно 50 отсто од избирачите да гласаат за и не може да биде консултативен.

“Апсурдно е дека Македонија сега влегува во сојузништво- Европската Унија не е сојуз на држави, а НАТО е воено политичка договорна организација и тоа не е сојузништво” рече Кадриу.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -