Преговорите меѓу Македонија и Грција за отворените прашања што ги наметна јужниот сосед како што се името, границите и училишните текстови се уште не се почнати. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека овие прашања кои со години се оставени настрана се бетонирани и дека е потребна посветеност за решавање на овие прашања. Димитров бара да се интензивираат билатералните средби со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас со цел да се намалат нејаснотиите. Според него, група историчари од македонска и грчка страна треба да се сретнат за да разменуваат ставови во врска со тоа како овие две држави меѓусебно се гледаат.
„Оспорувајќи ги границите и фалсификувајќи ја историјата не можете да влезете во ЕУ“. Ова е пораката на грчкиот претседател Прокопиос Павлопулос на денешната средба со спрскиот претседател Александар Вучиќ.“ – изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи
Повеќе за ова на следниот линк – Алсат М