Мојата основна порака до НАТО, покрај благодарноста за финализирање на нашето пристапување во членство: Ширењето на соработката, помошта и информациите треба да биде побрзо од ширењето на пандемијата.
Имав голема чест денес да ја претставувам Република Северна Македонија за првпат како полноправна членка на НАТО, на состанокот на Северно-атлантскиот совет во формат на министри за надворешни работи.
Состанокот, заради рестрикциите со пандемијата COVID-19, за првпат во историјата на НАТО, се одржа преку видео конференција. Имавме срдечно добредојде од сите 29 сојузници.