fbpx
28.8 C
Skopje

Димитров на инаугурацијата на Вучиќ

АКТУЕЛНО

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров присуствуваше на инаугурацијата на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

Министерот Димитров, како што информира МНР, на свечениот прием вчера во Палата Србија по повод инаугурацијата на Вучиќ му пренел честитки во името на Владата на Република Македонија.

Во рамки на престојот Димитров присуствувал и на денешната средба на претседателите на двете држави Ѓорге Иванов и Александар Вучиќ, на која, како што информиаат, биле разменети мислења за состојбите во билатералните односи меѓу Македонија и Србија, како и за актуелните случувања во регионот и пошироко.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -