fbpx
0.8 C
Skopje

Димитров: Прашањата за идентитетот да се извлечат од преговорите за името

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Два дена пред состанокот на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија во Солун, кои на покана на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас ќе разговараат за безбедносната соработка, прекуграничната соработка, како и за енергетското поврзување, министерот Никола Димитров на отчетот за 100 дена влада говореше за односите со Грција и процесот на преговори за името.

Идентитетските прашања, како што рече, треба да се извлечат од процесот на преговорите за името со Грција, со цел да може тој процес на зближување да продолжи и двете држави да имаат разбирање една за друга.
Според него, преговорите не се почнати и во моментов се работи на исцртување на контурите на тој процес, на нивната форма, на датумот.
“Грција не може успешно да го затвори овој спор ако Македонија е понижена, тоа е апсолутно неспорно, дури и „победата“ на Грција со ветото на Самитот на НАТО во 2008 година е пирова, бидејќи создаде контекст на еден сосед кој го загуби моралниот компас, си ја растресе својата демократија, стана произведувач на проблеми, кризи”, рече Димитров.
Тој додаде дека има потреба од надминување на историјата, за да може работите да се придвижат во позитивна насока.
“Стравот и држењето во ровот на историјата ја ослабува Македонија, мора да си го фатиме возот, штитејќи си го сопственосто достоинство и идентитетот”, изјави тој.
Зборувајќи за можноста за менување на учебниците по историја со цел да се спушти топката во односите со соседите, тој говореше за сопствениот пример.
“Татко ми е дојден во Република Македонија по граѓанска војна во Грција во 1948 година. Не сум историчар, не сакам да одам поконкретно во однос на ова. Ако сакаме да ги отвориме односите, да отвориме поголем простор за соработка не знам зошто би имале страв да видиме каков е историскиот наратив во Грција за нас и каков е наративот кај нас за Грција”, рече Димитров.
На прес конференцијата за отчетот тој ги наброја достигнувањата во изминатите сто дена, меѓу кои 31 меѓународна посета, 17 билатерални и 14 мултилатерални, средби со 44 министри за надворешни работи, потпишување декларации и политички изјави за партнерство, состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу РМ и ЕУ, средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и состанокот на Северноатлантскиот совет, со кој се заокружи 17. циклус на приближувањето кон НАТО.
“Македонија од земја, која асоцира на криза денес претставува земја, која асоцира на надеж и можности”, изјави тој.

Извор: www.mkd.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Скијање и прошетка без почитување на мерките: Каде е сега ЕБР?

Центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот од скијачката сезона. Посетителите го користат викендот за скијање и прошетка, по најавата дека стазата е отворена, но и дека...

Убаво: Владата ќе дели помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети

Најновите вести од Македонија и светот На предлог на Министерството за економија, беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и...

Еkс сопругата на екс директорот си го промени презимето на фејсбук и инстаграм: Еве како се презива сега

Агенса Ораноска, поранешната сопруга на екс-директорот на АЕК, Роберт Орданоски го промени презимето на профилите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“, два дена откако Орданоски...

ШOK ПРЕД ХОТЕЛОТ НА ЏОКОВИЌ: Српски навивач сакаше да оди во собата на Ноле, реагираше ПОЛИСИЈА (ВИДЕО)

Правилата се прилично строги и тенисерите не можат да го напуштат хотелот, освен кога одат на тренинг. И додека Новак одмараше во својата соба,...

Колев: Да го зaпалиш знамето на државата која дала државјанства на илјадници твои граѓани за работат низ цел свет е меко кажано невоспитано

Да го запалиш знамето на државата која прва не призна и испрати јасен сигнал кон целиот свет дека Македонија ќе биде самостојна и суверена...
- Advertisement -