fbpx
8 C
Skopje

Никола Димитров: Направена е историска грешка, но ние нема да кренеме раце од ЕУ

АКТУЕЛНО

Нема да дигнеме раце од Европската Унија, мора да успееме во евроинтегративниот пат – ова го кажа шефот на македонската диполоматија на првиот јавен настап по недобивањето датум на Самитот во Брисел.

Пред пратениците и амбасадорите меѓу кои беше и францускиот дипломат Тимоние, Димитров рече македонската Влада го дели ставот со Хан, Могерини, Туск и Јункер дека со црвеното светло кое го даде Франција на Македонија, е направена неправда и историска грешка и нема просперитет во ЕУ без проширување на унијата со земјите од Западен Балкан. Освен од Димитров, охрабрувачко обраќање во Собрание пристигна и од вицепремиерот за европски прашања Османи кој смета дека чувството на изневереност од ЕУ, не смее да не оддалечи од европските вредности.

Но на оваа седница немаше прашања и дебата од пратениците на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи на самиот почеток ја напуштија салата. Според нив седницата за отчет е пародија и провладина забава на која наместо оставки за морална одговорност, има манипулативни изјави.

За разлика од пратеничката група од ВМРО ДПМНЕ, во салата останаа осумте независни пратеници од нивната партија кои гласаа за Преспанскиот договор. Тие се сложија со власта дека не треба да има разочарувања, туку заеднички да работат за подобри резултати во иднина.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -