4 C
Skopje

Димитров разговарал со Могерини: Не треба да се плашиме да разговараме за минатото, но не смееме да се дефокусираме од иднината

АКТУЕЛНО

По разговорите со Виолета Булц, еврокомесар за мобилност и транспорт и МНР на Романија Теодор Малескану, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров се сретна и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини со која, како што изјави Министерот беше разговарано за европските приоритети на Македонија:

„Во регионот не треба да се плашиме да разговараме отворено за минатото, но не смееме да се дефокусираме од дискусијата за иднината, затоа што и иднината и вредностите што ги споделуваме се европски” – вели Димитров.

Во тој контекст се разговараше и со министерот за Европа на Франција Натали Лузеау, МНР на Малта Кармело Абела и МНР на Унгарија Петер Сијарто, дека за иднината на Балканот исклучително важни се и реформите и европската перспектива да бидат реални и кредибилни. На што МНР Димитров додава „Непредвидливоста која ја обременува Европа и светот е сигнал дека ние во регионот мораме да ги забрзаме европските интегративни процеси“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сведоштво: Ако ја знаете голготата на болните од корона ќе знаете зошто има толку многу починати

Ако воопшто сте се запрашале зошто имаме толку голем број на заболени, како и огромна смртност, доволно е само да прашате некој од пациентите...

Нови 640 случаи на Ковид-19, 2,634 тестирања се последните резултати во државата

Нови 640 случаи на заразени со коронавирусот 2 634 тестирања, 12 лица починати и 143 пациенти оздравени, е билансот од претходното деноноќие. Починатите 12...
- Advertisement -