fbpx
28.8 C
Skopje

Димовски: Како што помогнавме во Шипковица, Ченто, во Стајковци, така треба да се помогне сега во Охрид

АКТУЕЛНО

На денешната Kомисија за финансирање и буџет во собранието на Република Македонија, каде на дневен ред е разгледување на ребалансот на буџет за 2017 година, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски говореше за поднесениот амандман од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  за одделување на средства од буџетот за 2017 година, за санирање на штетите што ги имаат претрпено граѓаните од земјотресот кој неодамна го погоди Охрид и поширокиот регион околу него.

Имаме суштинска работа во која што треба да ја разбереме смислата на функционирање на држава, функционирање на буџет и потреба. Имаме искуство досега, секогаш кога имало временски непогоди, кога имало поплави, државата реагирала и конкретно директно кон граѓаните, но и индиректно преку ангажирање на механизација од приватни фирми и плаќање кон тие приватни фирми и кон армијата. Кога имало штети во земјоделие се реагирало, јас само сакам да го истакнам дека утринава пративме едно соопштене, со кое што како пратенички групи апелираме до Владата на Република Македонија покрај за овој  проблем да се погрижи за проблемот со жителите во Порој, ние таму не сме добиле ниту еден глас, ако одиме сурово партиски како што не обвинуваат и политички, вели Димовски.

Пратеникот вели дека по големата поплава дел од владата биле во Порој со стегнати машни и ветувале помош, но имаат информација дека ништо не им е помогнато на овие луѓе.

-Пред некој ден имаше повторно поплава и беше однесен и мостот во Порој и тука ниту од грижливата Влада која што се сликаше таму не видовме никаква иницијатива, ниту од  грижливиот дел од албанските партии не видовме да поднесат амандмани за мостот во Порој, истакна Димовски.

-Како се помогнало во Стајковци, како се помогнало во Шипковица, како се помогнало на и на други места, ќе се помогне и сега, има начин да се утврди што е големо оштетување, што е мало оштетување и тоа си е надлежност на комисиите што ги формираат локалните самоуправи. Сега испаѓа дека граѓаните на Стајковци треба да се нешто повеќе од граѓаните на Охрид или на Ресен, тоа не е добар начин за постапување, јас мислам дека владата треба да го прифати овој амандман и да продолжиме со следните постапки, посочи Димовски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -