fbpx
-6 C
Skopje

Димовски: Конечно стана јасно што се криело зад обвиненијата и притворите, пратениците ќе се соочат со народот и роднините

АКТУЕЛНО

Екс премиерот Љубчо Георгиевски: Заев радикално влегол во зближување со Бугарија и за тоа треба да се награди македонската влада со почеток на преговорите...

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека во Бугарија секој става акцент на нешто повеќе. „Таму има големо негативно...

Љубчо Георгиевски: Бугарите немаат чувство за тоа што се случува кај нас, ветото е одземање на перспективата не само на Македонците

Љубчо Георгиевски вечерва во „Клик Плус“ ја коментираше изјвата на Али Ахмети дека „Албанците треба да застанат рамо до рамо со Македонците“ за спорот...

Јоци: Со доаѓањето на Мухамед Зекири во СДСМ, се испиша нова страница во партијата која претходно трпеше низа порази

Со доаѓањето на Мухамед Зекири во СДСМ, се испиша нова страница во партијата која претходно трпеше низа порази - ,,едно општество за сите". Се...

Првиот човек на МВР потврди: Спасовски вели дека полицискиот час е опција доколку се случи да има прогрес на пандемијата

Досега не е прелдожена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затоворање на државата. Дали е тоа опција во наредниот период –...

Зоран Заев и армадилата на власта е целосно делегитимирани после синоќешното силување на демократијата и волјата на народот, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски. Според него, премиерот Зоран Заев веќе нема легитимитет да говори за демократија или демократска држава.

-Демократска и правна држава во која што се одложува гласање се додека не се соберат гласови на пратеници кои се под закана на политички прогон, не постои! Сега се гледа која била намерата да се нарачаат политички конструирани обвиненија и притвори за 27 април, да се нарачаат монтирани предмети против деца на пратеници или да се ангажира специјалното јавно обвинителство да гони поранешна министерка за култура која е актуелен пратеник – рече Димовски.

Тој посочи дека раководството на СДСМ сега побара и доби поддршка од истите пратеници што своеремено ги напаѓаше.

-Раководството на СДСМ порачуваше дека Крсто Мукоски бил убиец кој морало да си лежи. „Ајде на здравје“ беше честитката од раководството на СДСМ за синот на пратеничката Авировиќ, а истите се радуваа и ликуваа што Елизабета Канчевска Милеска останала без пасош бидејќи таа била зло за Македонија. Истото тоа раководство на СДСМ сега побара и доби поддршка за антидржавните политики токму од овие пратеници кои најжестоко ги напаѓаше. Ова не се европски вредности и демократијата кон која што тежнее Македонија и македонскиот народ – истакна Димовски.

Функционерот на ДПМНЕ истакна дека вчера биле сведоци како македонското собрание беше окупирано како да сме во состојба на војна.

-Секој од нас живее со сопствените одлуки и за тоа сноси одговорност пред сопствениот народ. Така и пратениците кои вчера гласаа ќе треба да се соочат со својот народ, со своите роднини, пријатели сограѓани, порано или подоцна. Тогаш ќе каже народот што мисли за вчерашниот глас, и за непринципиелните ставови. Силувањето на својата држава и на својот народ нема да им донесе ништо арно. Напротив уште повеќе ќе го поларизира општетсвото, ќе раѓа гнев и незадоволство, бидејќи овде не се работи за обична одлука, туку одлука од која зависи во која земја ќе живееме, како ќе се нарекуваме, какви документи ќе имаме, каква историја ќе учиме, каква култура ќе промовираме понатаму – рече Димовски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Вакцината против ковид ќе биде задолжителна за сите што сакаат да летаат со авион

Извршниот директор на авиокомпанијата „Квантас“ (Qantas), Алан Џојс, изјавил дека луѓето кои ќе сакаат да летаат со нивната компанија, ќе мора да докажат дека...

Joванka не беше единствената љубов на Тито: Еве во кој бил заљубен маршалот

Во Социјалистичка Федеративна Република Југославија денеска се славело Ден на младоста и роденденот на претседателот Јосип Броз Тито. За политичките потези на поранешниот лидер...

Банките ќе ги исплаќаат пензиите од 26 ноември

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското...

100 илјади долари за еден биткоин? Инвеститорите очекуваат златна треска

Биткоинот да расте пет пати годишно и да достигне 100 000 американски долари? Звучи скоро скандалозно, но ова е реална прогноза на некои големи...

Why is Switzerland the best country in the world?

What makes Switzerland such a good country? They are rich Depending on whose estimates you trust, Switzerland ranks eighth or ninth in the world when...
- Advertisement -