fbpx
5 C
Skopje

Дино Мерлин прв пат за болеста: БЕВ КАКО БИЛКА

АКТУЕЛНО

Еден од најпопуларните балкански пејачи Дино Мерлин за прв пат проговори за својата болест и како што вели дека било премногу сериозно и се чувствувал како билка.

– Ова ќе го кажам за прв пат, во еден момент од мојот живот бев сериозно болен. Имав тешка депресија, не би посакал тоа на никого. Се манифестираше на таков начин што не ме интересираше ништо – ниту живот ниту смрт. Тоа беше периодот кога бев како билка.  Сè ми паѓаше на ум во тоа време, размислував да ја напуштам музиката, рече тој.

Дино додаде дека сепак добил сила да продолжи и во во 2000 година сними албум  на кој е особено горд.

Пејачот се присети на деновите кога работел во фабриката за кревети и пишувал песни на мрсна хартија.

„Ме исмеваа затоа што пишував песни“, рече музичарот, додавајќи дека секогаш им велел дека ќе го гледаат на телевизија, што се остварило. Парите што ги заработил ги вложил во студио и го снимил албумот приватно, додека остатокот, како што вели, е историја.

Мерлин се присети и на деновите на војната во БиХ, кога гледал како умираат неговите колеги, пријатели и менаџерот.

– Беше лотарија кога излегувате, не знаете дали воопшто ќе се вратите, рече Мерлин

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -