fbpx
2.8 C
Skopje

ДИРЕКТОРОТ НА ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА БЕСИМИ БИЛ В.Д. 11 ГОДИНИ, ОСТАВКАТА УШТЕ НЕ ЈА ДОСТАВИЛ ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

АКТУЕЛНО

Единаесет години е вршител на должноста директор на Тетовската болница д-р Флорин Бесими, кој на 10 септември на Фејсбук објави дека си поднел оставка, два дена по катастрофалниот пожар во модуларниот Ковид-центар во кој загинаа 12 пациенти и двајца нивни придружници. Но, од Министерството за здравство велат дека Бесими уште ја нема доставено оставката, пишува СДК.

Според Законот за здравствена заштита, в. д. директор може да биде на функција најмногу до 6 месеци, а Управниот одбор на болницата е должен да распише оглас за избор на директор, кого по препорака на Здравствениот совет го именува министерот за здравство. За функцијата директор на јавна здравствена установа мора да се се исполнат одредени критериуми. Болницата во Тетово како клиничка болница и регионален центар поврзан со Медицинскиот факултет во Тетово е од највисок ранг во системот на јавното здравство.

Последен пат за в. д. директор д-р Бесими е именуван во мај годинава. Нему мандатот како вршител на должност медицински директор му завршил во март. По последното именувањето во мај, и нему и на Артан Едеми, кој е в.д. организациски директор од министерот за здравство писмено им било укажано дека Управниот одбор на болницата мора да распише конкурс за директори. Дознаваме дека Бесими за таа обврска бил предупредуван во неколку наврати.

Бесими, кој е гинеколог во болницата, првпат е именуван за в. д. директор во декември 2010, за време на владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога бил шеф на Гинеколошкиот оддел.

Извор: САКАМДАКАЖАМ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -