fbpx
6.8 C
Skopje

До петок сите граѓани што скенираат фискални ќе го добијат повратот на ДДВ

АКТУЕЛНО

Сите граѓани кои скенираат сметки до крајот на оваа недела треба да го добијат повратот на ДДВ на своите сметки, соопштуваат од Управата за јавни приходи, информира МИА.

Ова е прва исплата од мерката на владата МојДДВ што почна во јули годинава и се однесува на периодот јули, август и септември 2019 година, а почна со исплата на 2-ри овој месец.

Согласно законското решение се врши поврат од 15 отсто од платеното ДДВ, а за овој период повратот од 15 отсто од платениот ДДВ е во износ од 186.215.194 денари.

Во првиот квартал од МојДДВ скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11.423.978.620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1.241.434.628 денари.

Од 15-ти овој месец почнува и наградната игра МојДДВ#МојаНаграда која предвидува 3.852 парични награди во вкупен фонд од половина милион евра.

Целиот текст можете да го прочитате на МИА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -