20 C
Skopje

Добро утро Кирацовски, како сте

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Се разбира дека ќе поднесете предлог до вашите колеги и разбирливо, со лепливите прстиња и глаголивите усниња хорски ќе настапите со познатиот рефрен – НАТО, ЕУ, Европски вредности, бла, бла,бла… И уште еднаш, НАТО, ЕУ…

Очекувано, во оваа колонијално организирана Република законите се наменети за „домородците“ тие никогаш не се однесувaaт на „господарите“ и нивниот лојален персонал. Затоа лесно се обесштетуваат сопствените – согласно Уставот и Законот! Затоа лесно застаруваат одредени дела, исто – согласно Уставот и Законот! Ако има одредени недоразбирања, ќе ги „решиме“ во „повискоки“ инстанци – согласно Уставот и Законот.

Домородците одамна научија дека нивните права зависат од партиските штабови, дека правата се бараат таму, работни односи, имотни прашања, соседски недоразбирања, трговија, дозволи, препораки…едношалтерски организирана услуга, зависно од габаритот на барателот и услугата, приемот и обработката на делото е соодветно третирана низ партиската пирамида – се разбира, треба да се има во предвид кај која Партија кога се бара услугата.

Утринава и реакциите во јавноста се млаки, колку да се рече, по најновите судски одлуки и седници. Јавноста одамна е свесна дека симбиозата меѓу политичката моќ и судската власт во земјава е нераскинлива. Исто така, иако понекогаш е нејасно кој е „домаќин а кој паразит“ јасно е дека и најмала промена на околината, значи егзистенцијален крај на таа „хармонија“ и разбирливо што отпорот е толку силен, напати брутален и исклучително жилав.

Во овој „период на ветувања“ кој ќе трае до следната година и „предвремените парламентарни избори“, ќе се изнагледаме на борци за правда, слобода, евроинтеграции, пензии, вработувања, дотатоци, транспарентност и отчетност…се за благосостојбата на домородците и нивното подобро утре! Статистите се потребни за масовни сцени, како што впрочем се и изборите – топол оброк и пауза за кафе е цел која е на дофат.

И затоа, да не губиме време, здружени по дебатни емисии, тркалезни маси, средби со „граѓаните“, панел дискусии со обавезно присуство на најмалку еден амбасадор, невладини јуришници и партиски послушници, подмирете ги обврските кон трауматизираните и избеганите, анализите се прават, се прават, и се прават…

Автор: Ѓорѓи Трендафилов, претседавач на НК на ГДУ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -