fbpx
6.8 C
Skopje

Додека не се договорите за договореното, ништо не е договорено

АКТУЕЛНО

Премногу се симптоматични последните барања испорачани од опозицискиот лидер, со кои го условува изборот на нов состав на ДИК.
Зошто на Мицкоски сега му текна да бара прво да се донесат законите за финансирање на политичките партии и за влада, па потоа да се решава составот на највисокото изборно тело?
Со ваквите услови доведено е во прашање одржувањето на референдумот. Последиците од евентуално неорганизирање нареферендум ќе бидат големи.
Без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, власта не може сама да изгласа нов состав на ДИК.
Затоа дали граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат на референдум,сега зависи од ДПМНЕ.
Во однос на изборот на членови, целиот процес е проблематичен, бидејќи таму не треба да има партиски кадри, туку независни професионалци. Зошто слушнавме и во судница од прислушуваните разговори како се гласало во ДИК и како се носеле одлуки под силни политички влијанија.
Но ако веќе се договорија Мицкоски и Заев за вакво изнудено решение покрај сите укажувања и ако главна задача на овој шестмесечен состав ќе биде организирање на референдумот, тогаш не смее да има одолговлекување и опструкции. А оние кои се токмат за членови, мора да бидат подготвени за максимална професионалност и транспарентност и покрај тоа што доаѓаат на предлог од партиите.
Никој не смее да им го ускрати правото на граѓаните да го кажат своето мислење за Договорот со Грција и за интеграцијата на својата земја.

 

 

Автор: Димо Петкоски, секретар на Граѓанско Демократска Унија

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -