fbpx
2.8 C
Skopje

Договорот за името влегува во Собрание

АКТУЕЛНО

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, по скратена постапка.

Предлог-законот Владата до Собранието го доставила со европско знаменце, така што по изгласувањето на потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на Договорот, матично тело кое ќе се разгледува ќе биде Комисијата за европски прашања, чиј претседател е Артан Груби.

Претседателот на Собранието Џафери за МИА вели дека очекува до петок договорот за решавање на спорот со името да биде ратификуван од страна на Парламентот и тој да биде пратен кај претседателот на државата Ѓорге Иванов. Тој во текот на денешниот ден имал средби со сите координатори на пратеничките групи во Собранието, вклучувајќи ја и опозицијата.

Се очекува утре Собранието да ја изгласа потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорото со името, по што Комисијата за европски прашања би имала два дена, според Деловникот, да го разгледа и да се изјасни за него. Потоа Предлог- ратификацијата повторно оди на пленарна седница.

За да се усвои Предлог-законот потребно е обично мнозинство, односно со мнозинство од присутните пратеници. Минимален кворум за работата на законодавниот дом е 61 пратеник.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -