fbpx
14.8 C
Skopje

Доколку утринава тргнувате на пат АМСМ јавува колку се чека на граничните премини (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање е од 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што се забележува уште во овој момент на ГП Богородица и Табановце има гужви а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен

Летната сезона е уште во ек па најверојатно одморите се причина за подолгите задржувања за влез и излез од државата.

Ако тргнувате на пат кон соседна Грција денес имајте на ум дека ќе биде раздвижено. На веб страната на јавното претпријатие за државни патишта можете во живо да видите колкава е гужвата на граничните премини.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -