2 C
Skopje

Доктор споделува приказ на случај на КОВИД позитивен пациент – кој воопшто не верува(ше) во вирусот

АКТУЕЛНО

Како ви се допаѓа новиот изглед на скопската стара чаршија?

Неодамна, Општина Чаир го заврши проектот за Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир, во рамките на Проектот за Локална и Регионална Конкуренција (ПЛРК)...

Николовски: Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов. „Штипјани...

Д-р Сашко Николов : Солидарноста, професионалноста и работа за сите граѓани подеднаkво е мое мото, моја заклетва пред вас.

Важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од вас граѓаните. Штипјани заслужуваат реализација на проектите кои ги набројав сега, но и на...

Словенците за само 10 дена успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински...

Приказ на случај на КОВИД позитивен пациент – кој воопшто не верува(ше) во вирусот:(еден од многуте)

ПРВ ПРЕГЛЕД: Пациентот влегува од врата (матична ординација) и се обраќа со зборовите: Докторе нешто сум настинал правев зимница цела ноќ промаја ме фаќаше сега грло ме боли ме тресе температура … Почнав амоксиклавче дома имав ама неколку капсули дојдов само да ми дадеш рецепт….

Прашање од докторот: Дали имате дома некој со слични симптоми, дали имавте контакт со ковид позитивен случај…

ПАЦИЕНТ: Грубо го прекинува лекарот, не ми расправај ти за корона, за таа превара, мислиш не знам ја колку пари земате вие за да пишете човек корона, се се знае се се слуша, затоа немој на мене таа приказна, тоа на некој друг, се има на интернет…

Предлог од докторот: Ајде да напраиме лабораторија

ПАЦИЕНТ: Докторе, ај дај ми рецепт и да си вршиме работа, друг пат ке праиме лаборатории сега немам време…

ЗАБЕЛЕШКА НА ПРЕЛЕДОТ: Ковид анкета одбиена, лабораторија одбиена, пациентот одбива секаков облик на преглед бара само антибиотик

ВТОР ПРЕГЛЕД (два-три дена по првиот): Пациентот влегува со сува иритативна кашлица се обраќа со зборовите: Докторе изгледа мене грипот ме фаќа порано, нели може и порано да фати а.. ? Цел ноќ кашлам не можат да спијат моите од мене, ноќеска челото ми беше топло доста, ама сега нема… Дојдв за сумамед две пакетчиња сакам дами дадеш

АУСКУЛТАТОРНО: Се слушаат крепитации

РТГ на градни органи: Пациентот не сака да прави – за некој ден ако не му поминел — грипот докторе и да го лечиш и да не 7 дена трае…
Лабораторија: Леукоцити-2.9: Седиментација во прв час 50:

Предлог од докторот: Вака, состојбата е сериозна мора да напраиме рентген, мора да закажеме тест за Ковид 19, мора да се изолираш и да земаш терапија.

ПАЦИЕНТ: Јас ти кажав што мислам за таа глуспост корона, знаеш ли колку се штетни маските? Народ да е малку паметен, абе само непослушност, доста земавте пари за нас…. Дај еден сумамед ќе ми пројде… Каков рентген какви глупости само измислувате нешто…..

Уште еднаш укажано на пациентот за сериозноста на состојбата, но муабетот за лажниот вирус продолжи…. Даден сумамед, витамини и цела терапија за ковид како шти ја даваме…. Те молам изолирај се седи дома….

ТРЕТ ПРЕГЛЕД: (два-три дена после вториот, недела дена по првиот преглед)

Пациентот доаѓа не разговорлив како претходно, многу кашлам, ме гуши, температурата ми оди до 39… Ќе да е некоја болест
Предлог од лекар: Ќе направиме рентген, нова лабораторија

ПАЦИЕНТ: Се што треба пиши РТГ ПУЛМО: Билатерална бронхопнеумонија Sat. O2 – 89%

Упатен на преглед од инфектолог – направена хоспитализација

По многу премрежја и поминати неколку недели болничко лекување ја доби битката со КОВИд 19 и се врати дома со два негативни бриса

Со отпусното писмо дојдоа и зборовите, ех да ве послушав веднаш и да се тестирав, ваму во болница да ти кажувам нема да веруваш, пациенти умираат, сестри трчаат, едвај спасив жива глава….

НОСИ МАСКА, ДРЖИ ДИСТАНЦА, МИЈ РАЦЕ
Ако сакаш и не верувај, но почитувај ги мерките, зошто за секоја лага има вистина, за секое неверување има верување но за ниту една смрт нема живот повторно! Размисли!

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10220265584488416&id=1192302191

Целосно се согласувам со Д-р Милена Стевановиќ, најлесно е да обвинуваме друг за нашата состојба, но факт е дека никој не може да го чува нашето здравје подобро од нас самите…
Да не дозволиме смрт или хоспитализација на наш близок роднина или пријател да не увери во постоењето на COVID 19

Да издржиме, да ги почитиваме мерките, за да избегнеме многу жртви, за да спречиме ситуацијата целосно да излезе од контрола….
Да бидеме разумни!

Почитувај ги мерките! Заштитете се и заштитете ги вашите најблиски!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Реакција од ВМРО НП: Се повеќе изјавите и настапите на Филип Петровски наликуваат на Македонски народни приказни

Изјавите на политичарот и аналитичарот во обид Филип Петровски во емисијата ‚‚Во Центар‚‚ кај Васко Ефтов и директните обвинувања кон лидерот на ВМРО-Народна партија...

Вистински пример: Градоначалникот на Прилеп го замени оделото и фотељата со скафандер и бел мантил

Градоначалник за пример! Човек, лекар, хуманист кој на многу доктори-политичари, пратеници и функционери им покажува како вистински се сака својот народ Работам се што треба...

Нанесете го ова на темото и косата побрзо ќе ви расте – нема да се покаете

Изгледа е вистина дека сокот од кромид може да се користи за спречување на опаѓањето на косата. Многу шампони и тоници за коса, содржат...

Во Македонијава наша експерти за корона станаа сите маалски „фраери“ кои чекаат пари од тато и мама за да се напијат едно кафе со...

Со години живеам надвор од Македонија. Сум живеел во Словенија, сум живеел во Канада, а сега живеам во Швајцарија. Во сите држави во кои...

Наставник купил лажна дијагноза за да биде подолго на одмор, следувало нешто незамисливо

Еден наставник по англиски јазик идентификуван само како г-дин Ду, кој работи во приватно училиште во Внатрешна Монголија, бил принуден јавно да се извини...
- Advertisement -