8 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Трогателна исповед: Пациентка ја напушти Клиниката во Скопје, па излезе во јавност и откри како го победила корона вирусот

На емисијата „360 степени“ беше прикажана една поинаква содржина, за прв пат во Македонија преку видео се огласи излекуван пациент од корона вирусот. Станува...

Тие се најопасна група – познато е кој најлесно го шири корона вирусот

Според едно од најновите истражувања објавено на вебстраната на Светскиот економски форум, треба да се свесни за тоа дека постои голем број на луѓе...

Убаво – стојат до министерот и со знаковниот јазик прават 6.000 глуви и наглуви лица да се информираат за коронавирусот

Секојдневните важни информации за опасностите и за справувањето со корона вирусот редовно доаѓаат и до околу 6.000 глуви и наглуви лица во Македонија. Сето...

Венко Филипче го демантира Христијан Мицкоски: Не треба да се шират лаги, која му е целта на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ?

Министерството за здравство како невистинити ги оцени информациите што ги сподели во интервју за Канал 5 телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека државата...

Докторите и светот – револуција која трае

Пишува: Петар Марков

Во модерното време во кое живееме се случуваат крупни придвижувања во медицината. Со забрзаното менување на нејзиното лице, постепено се менува и улогата на докторите, суштински но и како учесници во самите процеси. Најверојатно се работи за промена на парадигмата во здравството чие следење претставува исцрпувачки тежок предизвик. Технолошко-социолошкиот развој во последните години ги афектира сите аспекти на животот, а здравството е особено погодено. Ова има базично влијание врз науката и уметноста во медицината, со осетливи, а сепак малку разбрани ефекти врз докторите и од докторите, но и врз нивната традиционална врска со пациентите и јавноста воопшто. Традиционалните ставови и улога на докторите е под се поголема негација од брзо еволуирачките технолошко-социјални норми што индицира криза во професијата и во испораката на здравствената заштита.

Сето ова покажува дека е потребно отварање дијалог за улогата на докторите во средината која се менува брзо и како сето ова влијае врз нивната вокација, нивните професионални вредности и нивната врска со пациентите и јавноста. Рефлектирајќи ги професионалните аспекти, потребно е да се даде различна дефиниција за медицинскиот професионализам во самата суштина. Терминот професионализам имплицира збир на односи, вештини и лични атрибути кои се присутни меѓу докторите. Дури некои и од самите доктори сметаат дека вака поставената дефиниција дава силен придонес кон зголемувањето на стресот помеѓу докторите заради дискрапанцата помеѓу потребата за одржување професионални стандарди и неможноста за нивна испорака во постоечките работни средини.

Некои од препознатливите симптоми во менувањето на улогата и надлежноста на лекарите се одразува со шаренилото на ставови и различни перспективи на самите лекари. Денеска имаме се поостра поделеност помеѓу пациентите и докторите, демократизација на информациите и влијанието на интернетот, поголеми очекувања од пациентите, вклученост на јавноста и медиумите и во креирањето и пружењето на здравствената заштита. „Корпорацизацијата“ пак на здравствените услуги носи дополнителна опасност од потенцијален конфликт помеѓу сопствениците на приватните здравствени установи и професионалните вредности и приоритети на лекарите.

Напредокот во медицината мора секогаш да биде водечки мотив за иновација во секоја држава и по никоја цена не смее да биде задржуван. Докторите се традиционално адаптабилни и го прифаќаат новиот позитивен развој. Но, со степенот на модерната промена и стагнирањето на средините во кои работат предизвикуваат потешкотии во професијата. Традиционалниот тренинг на студентите на медицина и специјализантите и нивните професионални очекувања не соодветствуваат со модерните барања на пациентите и идните трендови во светското здравство. Како ефект од оваа какафонија која владее во нашиот здравствен систем се се’ погласните коментари од самите професионалци кои посочуваат на разочараност, „burnout“, намалена професионална посветеност, рано пензионирање и намален број на пријавени кандидати за специјализации заради незадовоство во нивната улога како доктори.

Пред било што да направиме, мораме да запаметиме дека и покрај технолошките напредоци и социолошките промени, грижата на пациентите е базирана на човечките активности. Заради ова е потребно балансирање на стратегиите особено во ситуација кога медицината напредува со што предизвикува автоматска еволуција на системите за пружење грижа.

Релативниот недостаток на доктори речиси задолжително изискува напредок во различна форма во организацијата на здравството но и структурата на пружењето нега, а еднакво важно, претставува закана за континуитетот на нега за пациентите. Избегнувањето на комерцијализација на здравствените услуги, особено оние кои се финансирани директно од осигурениците бара континуиран дијалог и однос кој се базира на соработка помеѓу клиничарот и примателот на негата. Наместо овој процес да биде препуштен на медиумите треба да се задржи на примарното ниво лекар – пациент.

Потребно е да ја дефинираме сегашната ситуација и да се подготвиме за неизбежната иднина со која сакале или не ќе мораме да се соочиме. Отпочнувањето дијалог никогаш не е лесен чекор, но во друг случај решенијата нема да се најдат сами од себе и на крај ниту пак нашите предвидувања ќе бидат загарантирано точни. Мораме да бидеме реални и спремни да прифатиме предизвик кој може да донесе резултат. Можеме и треба да дојдеме до заклучоци за тоа што се случува денес низ призмата на иднината. Треба да отвориме дијалог за тоа што е важно и како „важното“ треба да изгледа во иднина. Преку дијалогот да дојдеме до конкретно прифаќање на ситуацијата и да испланираме стратегии за адаптација. Дефинирањето на улогата на докторот никогаш не била поважна од денес.

Latest Posts

(ВИДЕО) Трогателна исповед: Пациентка ја напушти Клиниката во Скопје, па излезе во јавност и откри како го победила корона вирусот

На емисијата „360 степени“ беше прикажана една поинаква содржина, за прв пат во Македонија преку видео се огласи излекуван пациент од корона вирусот. Станува...

Тие се најопасна група – познато е кој најлесно го шири корона вирусот

Според едно од најновите истражувања објавено на вебстраната на Светскиот економски форум, треба да се свесни за тоа дека постои голем број на луѓе...

Убаво – стојат до министерот и со знаковниот јазик прават 6.000 глуви и наглуви лица да се информираат за коронавирусот

Секојдневните важни информации за опасностите и за справувањето со корона вирусот редовно доаѓаат и до околу 6.000 глуви и наглуви лица во Македонија. Сето...

Венко Филипче го демантира Христијан Мицкоски: Не треба да се шират лаги, која му е целта на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ?

Министерството за здравство како невистинити ги оцени информациите што ги сподели во интервју за Канал 5 телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека државата...

АКТУЕЛНО

Порака на Македонка од Италија: Бесчувствителни станавме како луѓе и ние сме од крв и месо – потребни сме си едни на други во...

Многу наши Македонци во моментиве се наоѓаат во Италија која е една од најпогодените земји од вирусот со кој се бори целиот свет. На социјалните...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.