Не знам дали ќе се разберам со Владимир – се надевам дека ќе е така, изјави новоизбраниот претседател на САД на својата прва конференција во последните месеци.
“Ако на Путин му се допаѓа Доналд Трамп, тоа го наоѓам за корисно, а не за штетно (…) Не знам дали ќе се разберам со Владимир Путин. Се надевам дека е така, но има голема шанса да не е. Но и да не е, мислите ли дека Хилари ќе беше поцврста со него од мене? Некој во оваа соба верува ли? Не се шегувам “.
Ова, го рече избраниот претседател на САД Доналд Трамп на првата прес-конференција во одговор на прашање дали смета дека рускиот претседател Владимир Путин сакал да му помогне да победи на изборите и дали би ја укинал одлуката на претседателот Барак Обама да протера 35 руски дипломати поради информациите на разузнавањето, кој го покажуваа тоа.
Трамп на прес-конфернецијата, закажана во 17 часот по локално време, задоцни неколку минути.
Доналд нагласи дека се радува за инагурацијата, на 20 јануари, за која како што рече ќе биде на убав ден.
На прашањето за односот ПУТИН – ТРАМП, тој одговори дека доколку тој му се допаѓа на Путин, тогаш тоа е предност, а не маана.
Трамп одговори и на прашањето за извештајот во кој се наоѓаат доверливи документи во кои пишува дека Русите тврдат дека имаат компромитирачки лични и финансиски податоци за Трамп.
Кремљ, меѓутоа, тврди дека Русија не поседува „компромитирачки“ податоци за Трамп.
Тој најави дека заедно со генералите на САД подготвува големи проекти, нагласувајќи дека ќе ја предводи и администрацијата на воените ветерани.
„Минатиот викенд ми беа понудени два билиони долари за проект во Дубаи со мој пријател. Прекрасен човек. Одбив. Не морав, бидејќи како што знаете немаше конфликтна ситуација оти сум претседател. Би можел да управувам со земјата и со мојата компанија истовремено. Ни би ми се допаднало, но би можел ако сакам“ – потенцираше Трамп, најавувајќи дека бизнисот ќе го остави на неговите синови Дон Џуниор и Ерик и оти тој целосно се повлекува.
Во прилог на тоа покажа документ како доказ дека целосно ја предал контролата на бизнисот на неговите синови, па ја повика и адвокатката, која го потврди она што тој го наведе.
„Доналд Трамп ќе се откаже од секое поврзување со „Трамп Организацијата“, а веќе се откажа од многу аспекти на истата. Нема да има нови соработки со странски земји за време на неговиот претседателски мандат и тој нема да разговара со неговите синови за новите бизниси. Ќе знае за работата онолку колку што ќе дознае од медиумите“, истакна адвокатката.