fbpx
23.8 C
Skopje

Достигна над 100 илјади сабскрајбери и згасна: Исклучен јутјуб каналот на Ритко од Битола – се огласи и тој

АКТУЕЛНО

Познатиот јутјубер од Битола Ритко Мемедов сподели дека неговиот јутјуб канал е исклучен од страна на Јутјуб. Причината за тоа како што наведува самиот тој на својот инстаграм профил е поради тоа што бил репортиран од повеќе луѓе од различни држави.

Тој вели дека многу тешко дека Јутјуб ќе донесе одлука да му го врати каналот, но додава дека ќе се бори за тоа. Во меѓувреме тој направи нов јутјуб канал на кој има над 5 илјади сабскрајбери.

Изгледа каналот нема да го вратат конечна одлука им била да остане избришан поради многу репорти од разни држави.

Ми беше мило што се дружевме толку долго време ако некогаш се враќам ќе ве известам. Фала ви за се, пишува Ритко на Инстаграм.

Потоа тој објави ново стори на кое вели дека ќе продолжи да снима на новиот канал само поради неговите фанови. Во продолжение погледнете ги најлудите видеа на Ритко, со најголема посетеност на Јутјуб.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -