fbpx
5 C
Skopje

Доцна во ноќта се прости од татка си: Влатко Ѓорчев со емотивен статус – чувај ја твојата сакана Македониј

АКТУЕЛНО

На клиниката во Ниш денеска почина познатиот специјалист по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев, на 72 годишна возраст.
Докторот Ѓорчев падна во кома набргу откако ја примил вакцината против коронавирусот во Ниш на 28-ми март. Тој оттогаш не се разбуди и беше во критична состојба.

Екс-пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на својот фејсбук профил напиша статус во кој се опрости од својот татко со емотивна порака.
,,Бог да го прости мојот татко Анѓелко Ѓорчев (72). Почина денес, после 11 дена во кома. Замина тивко и ненадејно. Ќе го паметат неговите деца и внуци, сите кои го сакаа. Многу роднини, пријатели и БЕЗБРОЈ пациенти на кои неуморно им помагаше целиот живот.

Неговата мисија беше како професор да им предава на младите студенти од цела Македонија, да ги учи и подготвува да бидат добри, компетентни доктори.
Збогум тато. Ќе те спомнуваме и ќе се сеќаваме. Таму, горе од небото гледај и чувај ја твојата сакана Македонија. Зборувај со сите македонски кралеви и цареви, со сите наши комити и војводи за кои читаше целиот свој живот.

Лесна му земја. Многу, многу го сакавме. Почивај во мир тато.
Твојот син,
Владимир Анѓеко Ѓорчев, со сопругата – снаата Сузана и со децата – внуците Марта, Филип, Никола и Катерина ” – напиша меѓудругото Влатко Ѓорчев

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -