fbpx
5 C
Skopje

Драган Ковачки – непознато име во политичкиот живот: Кој е човекот кој е предложен од Мицкоски за технички министер за внатрешни

АКТУЕЛНО

Ковачки е офицep од првата генерација на македонски офицepи со завpшена Вoeна академија во Република Македонија и е припадник на првата мисија под раководство на САД- Слобода за Ирак. Долгогодишен припадник на специjaлната единица Волци и активен учесник во одбpaната на држата во 2001 година.

Полковникот Драган Ковачки, кој е предложен за технички министер за внатрешни работи во преодната влада, професионалната кариера ја градел со напредување низ сите скалила во АРМ.

Учесник во повеќе мировни мисии на НАТО силите и е одликуван со ордени и заслуги за државата.

Има поминато низ повеќе скалила во АРМ, бил во составот на специјалната единица „Волци, а во 2001 година учествувал во воениот конфликт.

На 6 март годинава ја примил должноста командант на Првата механизирана пешадиска бригада. Претходно бил началник на секција за операции и борбена готовност во 1. механизирна пешадиска бригада, раководител на Сектор-Служба за воена безбедност и разузнавање во МО, началник на одделение за контраразузнавање во воената служба за безбедност и разузнавање, офицер за разузнавање и вршител на должност началник на секција за безбедност и разузнавање во полкот за специјални операции, офицер за специјални операции и за разузнавање во мисија Слобода за Ирак-1, Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.

Образование од сферата на одбраната
Има завршено повеќе високи школи и обуки во Сад и Европа. Има завршено на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија воХрватска и Воена Академија во Р. Македонија. Завршил успешно во Велика Британија за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање и анализа, како и обуки за борба против тероризам.

Бил дел и од обуките на НАТО алијансата па има успешно завршено обуки за команданти на НАТО, НАТО обука во Германија, НАТО обука за офицери во Шведска, и повеќе други во Турција, Бугарија и други земји.

Одликуван е со признанија за својата работа како што се: Плакета на АРМ за учество во мисија „Слобода за Ирак-1“ , Пофалница за остварени резултати во процесот на борбена обука и воспитување, медал на командно-штабната школа во Хрватска.

Родител е на две деца и е од Скопје.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -