fbpx
10.8 C
Skopje

Драги Рашковски поднесе оставка: ,,Одредена јавност го деградира мојот интелектуален капацитет”

АКТУЕЛНО

Драги Рашковски утрово на својот фејсбук профил ја објави оставката од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти. Датумот на писмото до премиерот Зоран Заев е 12 април.

Повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот, напиша Рашковски во оставката. Неговото име во последниот период е поврзано со бројни скандали, тендери, непријавен имот, злоупотреби на службена должност..

-За некој на кого во светски рамки има добиено 11 златни и 32 сребрени медали за своите иновации е деградирање на интелектуалниот капацитет споредбите кои се прават од страна на одредена јавност. Останува на времето да покаже која е вистинската причина за тоа, пишува во оставката.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -